Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Повикот за бојкот на маркетите е граѓански отпор против монополското однесување и неодговорноста на трговците
Македонија

Мицкоски: Повикот за бојкот на маркетите е граѓански отпор против монополското однесување и неодговорноста на трговците

29/01/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски во објава на својот профил на мрежата „Икс“ вели „сите надлежни институции, но и трговците, да се однесуваат со максимална одговорност и почит кон народот“.

„Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет.

Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција.

Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард.

Во духот на солидарноста, го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци. Имам јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните. Ова е неприфатливо и нема да биде толерирано!

Ве уверувам дека преземаме конкретни мерки: Денес остварив средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, Министерот за економија, Заменик министерот за економија и Директорот на пазарната инспекција. Наложив засилени контроли и итна реакција на терен.

Тие имаат јасна задача – да го проверат однесувањето на трговците и да спречат какви било злоупотреби. Ќе инсистирам на транспарентност и ригорозни казни за сите кои ќе се утврди дека го изигруваат законот и ги злоупотребуваат граѓаните и добавувачите. Заедно ќе се спротивставиме на сите кои мислат дека ќе се богатат на наша сметка.

Ќе се справиме со овој проблем и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме животниот стандард на сите наши граѓани! Во исто време, ќе продолжиме и со субвенционирање на најпогодените категории на граѓани за дополнително да ги минимизираме негативните ефекти од растот на цените.

Ги повикувам сите надлежни институции, но и трговците, да се однесуваат со максимална одговорност и почит кон народот. Ова се времиња на чесност, фер игра и солидарност! Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите, наспроти интересите на неколкумина кои сакаат да се богатат на маката на граѓаните!“ – вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВОЗОВИТЕ: Се пушта линијата Скопје –

14/07/2026
Македонија

Виралната слика од лет над Охридското Езеро е дигитална манипулација

14/07/2026
Македонија

ГОЛЕМ ЗАСТОЈ: Километарска колона на патарина на патниот правец Тетово

14/07/2026
Македонија

Двајца мажи од Студеничани репетирале пиштол и се заканувале кон

14/07/2026
Македонија

Почина 28 годишник откако се повредил при сеча на дрва

14/07/2026
Македонија

Уапсен Црногорец, на автопатот во гевгелиско со „бмв“ возел со

14/07/2026
Македонија

Условна казна затвор за екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска

14/07/2026
Македонија

Денот Д за Изборниот законик?! Во игра се 4,2 милиони

14/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44383
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВОЗОВИТЕ: Се пушта линијата Скопје – Битола, завршија градежните работи

14/07/2026

Патничкиот железнички сообраќај меѓу Скопје и Битола повторно се воспоставува од утре, 15 јули 2026 година, информираат од ЈП „ЖРСМ

Виралната слика од лет над Охридското Езеро е дигитална манипулација – медиумите повторно „наседнаа“ на

14/07/2026

Социјалните мрежи денеска беа преплавени со слика од наводен лет на мал авион кој над Охридското Езеро со својата патека

ГОЛЕМ ЗАСТОЈ: Километарска колона на патарина на патниот правец Тетово – Скопје

14/07/2026

Сообраќајна несреќа попладнево предизвика огромен застој на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на патарината на влезот кон главниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy