Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Царинските служби спречиле голема шема за криумчарење: Луксузни чанти, цигари, масло како и пасоши за миленичиња
Македонија

Царинските служби спречиле голема шема за криумчарење: Луксузни чанти, цигари, масло како и пасоши за миленичиња

29/01/2025

AA

Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да криумчарат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари. Кога слетале на Меѓународен Аеродром Скопје патничките се упатиле на зелен канал со намера нелегално да пренесат чанти од луксузни брендови и да избегнат плаќање давачки кон државата во висина од 924 илјади денари. Истиот момент царинските службеници ги застанале за детална контрола при што во куферите на една од патничките, инаку македонски државјанки, ги пронајдоа луксузните ташни. Против неа е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Скопје заради сомнение дека сторила кривично дело криумчарење.

Во јавен царински склад помеѓу стока со потекло од Кина наменета за увозник во Скопје, мобилен тим пронајде 132 бормашини, кои не биле опфатени со царински документи.

Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило на излез од државата на граничен премин Табановце откри 40 штеки цигари сокриени во горниот дел од кабината на влекачот.

Брачен пар се обидел преку граничен премин Блаце во државата да криумчари 72 пара патики со вкупна вредност од околу 100 илјади денари. Во намерата се спречени од мобилен тим кој при контрола на возилото помеѓу седиштата и во багажникот ги откри непријавените производи.

Мобилен тим на излез од државата на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус во еден ранец и патничка торба откри 58 пасоши за домашни миленици со турски сериски броеви. Сопственик на пасошите бил турски државјанин, водич на автобусот кој сообраќал на релација Косово-Турција.

На влез во државата на граничен премин Богородица царинските службеници при контрола на камион со бугарски регистарски таблички во просторот за палети открија 85 литри ладно цедено маслиново масло.

56 женски чанти се пронајдени во багажниот простор и резервната гума на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy