
Мицкоски потврди: В сабота само тој ќе биде кандидат за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски потврди дека на партискиот конгрес во сабота во Кавадарци ќе биде единствениот кандидат за претседател.
Тој истакна дека подготовките се во завршна фаза и дека очекува настанот да биде „убав и празничен ден за ВМРО“.
„Немам информација дека ќе има и втор кандидат, така што до овој момент ценам дека ќе бидам само јас кандидат,“ изјави Мицкоски во емисијата 360 степени.
Тој најави дека на конгресот ќе бидат усвоени неколку стратешки документи кои, како што посочи, ќе ја моделираат иднината на партијата и ќе имаат влијание врз работата и политиките на владата.

