Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски
Економија

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

22/11/2024

AA

Премиерот Христијан Мицкоски учествува на винскиот саем во Белград. Вели дека „Отворен Балкан“ го поврзува нашиот регион со светот.

„Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција. Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака. Виното, како културно наследство на овој дел од Европа, е многу повеќе од производ. Тоа е симбол на нашата историја, земја и труд, но и мост меѓу луѓето, градејќи разбирање и пријателства. Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки“, вели Мицкоски. 
Додаде дека Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведува околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот.

Лозјата кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето.

Вели дека сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена.

Во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот, меѓу количината и квалитетот на произведеното вино.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот

17/02/2026
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
Македонија

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА

17/02/2026
Македонија

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во

17/02/2026
Македонија

Врснично насилство во Виница: 15 годишно дете истепано во училиште

17/02/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕИЗВЕСНОСТА: 18.000 вработени во основното образование добија јануарска

17/02/2026
Македонија

18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските

17/02/2026
Македонија

КОСТАДИНОВСКИ БИЛ СОВЕТНИК НА ТРОЈЦА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Не гледа ништо спорно

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот докажа дека нашиот менталитет може

17/02/2026

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска информираше дека пред судот се веќе формирани четири предмети поврзани со системот „Безбеден

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во Кисела Вода

17/02/2026

Околу 15:30 часот преку број за итни повици 112 добиена е пријава во врска со паднато дрво во близина на

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА Д-Р ВАСЕВ И НА НУХИ

17/02/2026

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје денеска го одби предлогот на одбраната да се укине притворот на обвинетите д-р

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy