Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија
Македонија

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

17/04/2025

AA

Изминативе денови заедно со тим од Владата и тим од мојот Кабинет, остваривме исклучително квалитетна и успешна посета во Обединетите Арапски Емирати, изјави премиерот Христијан Мицкоски од ОАЕ.

„Посетата ја започнавме со средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати. Следните денови се сретнавме со стопанските комори од Емиратот Шарџа и Дубаи, а потоа имавме исклучително квалитетни состаноци со врвните компании овде во Обединетите Арапски Емирати, како што се Мубадала, ADQ, Масдар, Игл Хилс итн.

Сето она коешто разговаравме е навистина нешто коешто ќе претставува еден голем чекор напред за македонската економија.

Разговаравме за проекти од областа на транспортот, пред сè коридорите 8 и коридорот 10 и отсечката на коридорот 10, 10-д.

Потоа, разговаравме за проекти коишто се силно поврзани и тесно поврзани со туризмот. Се разбира тука нашиот македонски, балкански, би рекол светски бисер Охрид. Потоа, Попова Шапка како исклучително силна инвестиција, којашто треба во годините коишто следат да донесе големи економски бенефити за македонските граѓани. Место каде што е потребна голема инвестиција, поради својата местоположба и поради сите оние географски убавини коишто самиот тој ски-центар ги нуди. Се разбира и за тоа разговаравме со нашите пријатели од Обединетите Арапски Емирати.

Потоа, во делот на градежништвото, неколку локации каде што навистина може да се направат лендмарк објекти коишто ќе бидат препознатливи, не само за Скопје, Македонија или за другите градови во нашата држава, туку и за регионот, па би рекол зошто да не амбицираме да прераснат такви лендмарк објекти за цела Европа.

Зборувавме за инвестиции во делот на земјоделието и се разбира енергетиката.

Како главен приоритет тоа се проектите, односно хидроцентралите на Река Црна, а тоа се Чебрен и Галиште. Потенцијалот во енергетиката, не се ограничи само на инвестирање во хидроцентралите Чебрен и Галиште, туку и на нови соларни панели, нови ветерни турбини, ветерни паркови и така натаму.

Навистина, кога би требало да ја оценам оваа наша посета, би ја оценил со највисока оценка, и економски и политички, бидејќи после долго време, не знам од кои причини, стопирање и пауза во односите коишто ги имаме со Обединетите Арапски Емирати, повторно воспоставуваме една ваква блиска, непосредна соработка.

Се разбира би го издвоил и Меморандумот за подлабока економска соработка којшто го потпиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со неговиот хомолог, а добрите вести како резултат на овој Меморандум, ќе ги соопштам во деновите коишто следат кога ќе се вратиме назад во Македонија.

Ве поздравувам од Абу Даби и се гледаме во нашиот балкански, европски, светски бисер Охрид за Велигден, да го чествуваме Христовото Воскресение“, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА СЕ ЧЕКА ПО 2 ЧАСА

13/04/2026
Македонија

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА

13/04/2026
Македонија

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели

13/04/2026
Македонија

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026
Македонија

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА СЕ ЧЕКА ПО 2 ЧАСА По продолжениот викенд се создадоа

13/04/2026

Граѓани споделуваат видеа на социјалните мрежи дека со часови чекаат за излез од Грција на граничниот премин Евзони. На границата

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА Нема да се меша во

13/04/2026

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели дека тоа важи и за

13/04/2026

Одговарајќи на новинарски прашања, победникот на изборите кој се очекува да биде нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, во врска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy