Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција на централна власт
Македонија

Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција на централна власт

04/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека на редовна седница на Владата отпочнале со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа со којшто ќе се изрази интерес на единиците на локална самоуправа за финансирање на капитални проекти од интерес на граѓаните.

„Станува збор за втор јавен повик за искористување на средства од оние 15 милијарди денари кои Владата ги стави на располагање на општините. Ќе повторам, до 15 милијарди денари ќе биде вредноста на овој втор повик. Но, тоа не подразбира дека сите овие средства ќе бидат потрошени во тековната фискална година. Ќе повторам за да нема забуни во јавноста, можно е некои проекти да влезат и во три годишни буџети, и во 2025-та и во 2026-та и во 2027-та. Некои проекти да бидат само во 2025-та, некои да бидат и во 2025 и во 2026 итн., за да биде појасно. Но, вкупниот волумен на средства со кои што ќе се финансираат проектите од овој втор повик, за којшто денеска отпочнавме процедура на редовна владина седница, е до 15 милијарди денари.

За таа цел, се задолжуваат Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за спорт, Министерството за култура и туризам, да ги утврдат критериумите со коишто ќе се финансираат овие проекти преку капитални дотации. Таква е процедурата, иако за критериумите Министерот ќе зборува малку подоцна.

Владата воедно го задолжи или ќе го задолжи, откако ќе заврши дебатата, Министерството за локална самоуправа, практично, откако сето ова ќе биде искристализирано, издефинирано, да го објави јавниот повик за изразување на интерес од страна на единиците на локална самоуправа за финансирање на овие проекти коишто се дел од овој втор повик.

Ќе повторам, општините преку овој втор повик ќе имаат на располагање до 15 милијарди денари за проекти коишто ќе бидат финансирани од централниот буџет или централните буџети, во зависност од периодот на реализација на овие проекти.

Ова се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти, како што се училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните.

Ќе повторам, се работи за историски најголема инвестиција на централната власт во единиците на локалната самоуправа, општините преку кои директно се влијае на подобар живот и повисок стандард.

Ова е втор јавен повик, а минатиот повик 78 општини добија 288 проекти со вкупна вредност од 4,5 милијарди денари или повеќе од 73 милиони евра. И дополнително преку Министерството за транспорт, отприлика околу 800 милиони денари коишто се средства коишто со посебна програма беа доделени за финансирање на проекти во општините.

Вака директно се помага на граѓаните и општините. И ова се мерки коишто се однесуваат само за граѓаните. Само вака, со работа и посветеност го исполнуваме ветеното и Македонија станува повторно ваша – на народот.

За сите останати детали ќе продискутира Министерот за локална самоуправа“, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy