Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Мислев дека ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ – Филипче му врати: Тоа е кафеански муабет!
Македонија

Мицкоски: Мислев дека ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ – Филипче му врати: Тоа е кафеански муабет!

26/02/2026

AA

Именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија предизвика жестока расправа на седницата за пратенички прашања, при што дебатата меѓу лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и премиерот Христијан Мицкоски прерасна во меѓусебни обвинувања и иронични пораки.

Филипче побара одговори за критериумите според кои Адамовиќ е назначен, прашувајќи дали ги исполнува условите предвидени со упатството за номинација на почесни конзули. Тој посочи дека почесен конзул треба да биде личност со висок интегритет и докажан пријател на државата, додавајќи дека на социјалната мрежа Икс имало објави што, според него, го доведуваат тоа во прашање.

Лидерот на опозицијата се повика и на медиумски написи во кои се споменува наводно сомнително минато на Адамовиќ, прашувајќи дали надлежните институции, вклучително и Агенцијата за национална безбедност, извршиле соодветна проверка. Според него, јавноста заслужува транспарентен одговор за изборот на новиот почесен конзул.

Премиерот Мицкоски на конкретното прашање одговори кусо, упатувајќи го Филипче за повеќе информации да се обрати кај поранешен министер за правда од претходната влада. Но, претходно се осврна и на забелешката на Филипче дека „не знае какво прашање да постави“, при што со иронија го спомена и пејачот Харис Џиновиќ.

„Мислев дека ќе ме прашате која е најдобрата песна на Харис Џиновиќ за следниот пат кога ќе одите во Дубаи“, рече Мицкоски, додавајќи и други алузии поврзани со минатите политички случувања.

Филипче возврати дека јавноста не очекува „кафеански муабети“, туку конкретни одговори за економските и институционалните прашања. Тој оцени дека со ваков пристап не се води ниту Владата ниту државата и дека граѓаните бараат решенија, а не политички досетки.

Дебатата заврши без дополнително образложение околу критериумите за именувањето на Адамовиќ, додека тензичната атмосфера во салата беше проследена со реакции од пратениците од двете страни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Инцидент во кумановскиот дом за стари лица: Две баби претепале

26/02/2026
Македонија

Таравари го тужи Меџити за клевета

26/02/2026
Македонија

Приведена 27 годишната македонска мисица, ги попречувала АХВ во работата!

26/02/2026
Македонија

ПОМОГНАЛЕ ВО ИЗВРШУВАЊЕ УБИСТВО, ДОБИЈА ПО 5 ГОДИНИ ЗАТВОР Пресуда

26/02/2026
Македонија

„НЕКОЈ МИ ТРОПА НА ВРАТА, СЕ ПЛАШАМ“: Потресно сведоштво на

26/02/2026
Македонија

ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР И ДОЖИВОТНО ПРОТЕРУВАЊЕ: Изречени пресудите за помагачите

26/02/2026
Македонија

84 годишна битолчанка измамена за 9.600 евра! И се јавил

26/02/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ТЕНДЕНЦИОЗНО ЛАЖЕ ЗА НАБАВКАТА НА ЈАГЛЕН, РЕАГИРА АД ЕСМ

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Инцидент во кумановскиот дом за стари лица: Две баби претепале трета!

26/02/2026

Во домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово вчера бил регистриран физички инцидент помеѓу корисниците. Според информациите од СВР

Таравари го тужи Меџити за клевета

26/02/2026

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари поднел тужба за клевета против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Тој преку својот

Приведена 27 годишната македонска мисица, ги попречувала АХВ во работата!

26/02/2026

Повторно приведена е ќерката на сопственикот на кравите во Крива Паланка за кои има наредба да се заловат. Како што

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy