Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Македонија мора да го напушти моделот на ниска продуктивност и зависност од увоз, и да премине кон економија којашто ќе се темели на знаење, технологија и иновации
Македонија

Мицкоски: Македонија мора да го напушти моделот на ниска продуктивност и зависност од увоз, и да премине кон економија којашто ќе се темели на знаење, технологија и иновации

06/12/2025

AA

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин, од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето прво обраќање во отворениот дел на XVIII конгрес.

„Економската сила ја определува државната сила. Затоа Македонија мора да го напушти моделот на ниска продуктивност и зависност од увоз, и да премине кон економија којашто ќе се темели на знаење, технологија и иновации“, истакна Мицкоски.

Додаде дека овој премин бара системски реформски циклус во повеќе области:

„Индустрии базирани на знаење, технологија, ИКТ, биотехнологија, фармација, инженеринг, креативни индустрии. Ова е новата економска матрица. Земјата мора да вложува во области што создаваат висока додадена вредност и конкурентност на глобалниот пазар. Дигитализацијата и автоматизацијата се предуслов за приклучување кон европските и светските производствени синџири. Модернизацијата на бизнис секторот, новите дигитални технологии и технолошките паркови ќе создадат работни места со висока додадена вредност и ќе го зголемат извозниот капацитет“, рече Мицкоски.

Домашните компании, додаде Мицкоски, мора да станат мотор на раст преку силна институционална поддршка, капитално вбризгување, кредитни линии, намалени административни бариери и поддршка за раст.„Националната економија е силна само ако домашните претпријатија се силни. Предвидлива фискална политика, стабилни даночни правила и долгорочно стратегиско планирање, усогласено со европските стандарди се предуслов за развој. Ниту една компанија не инвестира во држава во која даночните правила се менуваат со дневната политика. Довербата се гради со долгорочност, јасност и транспарентност“, посочи, меѓу другото, Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски реизбран за претседател, тој беше единствен кандидат за претседател

06/12/2025
Македонија

Без вода утре дел од централното подрачје на Скопје

06/12/2025
Македонија

ЖЕНА ПРЕГАЗЕНА НА УЛИЦА ВО КАВАДАРЦИ Пренесена е во болница

06/12/2025
Македонија

Водата во Кавадарци заматена поради обилните дождови, потребно превривање

06/12/2025
Македонија

Орбан упати честитки до ВМРО-ДПМНЕ: „По години опозиција, денес сте

06/12/2025
Македонија

ПРЕКУ ФЕЈСБУК ПОВИКУВАЛ НА УБИСТВО НА Д.Ј. ОД КОЧАНИ Доби

06/12/2025
Македонија

Ја присилил на полово дејствие, ја снимал со мобилен телефон,

06/12/2025
Македонија

ЈА ПРИСИЛИЛ НА СЕКС, ЈА СНИМАЛ, ПА ЈА УЦЕНУВАЛ Маж

06/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38584
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски реизбран за претседател, тој беше единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

06/12/2025

На денешниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше единствен кандидат и едногласно реизбран за претседател на партијата. „Вечерва, на овој

Без вода утре дел од централното подрачје на Скопје

06/12/2025

Утре, од 7:00 часот, корисниците од објектите МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ –

ЖЕНА ПРЕГАЗЕНА НА УЛИЦА ВО КАВАДАРЦИ Пренесена е во болница со тешки повреди

06/12/2025

Педесет и двегодишната К.Е. од селото Марена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што попладнето се случила на улицата „Шишка“

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy