Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ќе ги развиваме универзитетите и ќе ги зачуваме децата дома!
Македонија

Мицкоски: Ќе ги развиваме универзитетите и ќе ги зачуваме децата дома!

31/07/2025

AA

„Проширен е опфатот во делот на поддршка на отворање на компании и бизниси за 460 милиони денари. Тоа ќе значи дополнително 200 млади луѓе кои ќе можат да имаа старт-ап компанија, во која ќе може да се самовработат и да водат бизнис во Македонија. Тоа е добро бидејќи ќе ги зачуваме децата дома“, рече  претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, одговарајќи на прашањето посветено на оперативниот план за вработување.

Премиерот посочи дека бројот на апликации е зголемен за 60-тина проценти и тоа покажува дека е зголемен интересот за оваа мерка.

„Што се однесува до вложувањето кај младите, јас тука ќе дадам фокус и кај студентите, за прв пат оваа Влада обезбеди бесплатно пристап до двете научни бази за научни списанија, за сите научници, без разлика дали се тоа вработени на универзитетите или се студенти. Тие ќе можат да го следат светските трендови како се развива науката. Тоа се Web of science и Scopus. Цениме дека на овој начин, тоа што беше претходно скапо и ретко кој можеше да го дозволи, сега веќе станува достапно за младите. Ќе можат преку овој тип на бази на врвни светски научни списанија да гледаат како се развива човештвото. Тоа ќе важи нормално и за професорите и асистентите кои подготвуваат магистериуми и докторати“, дополни премиерот.

Тоа според него треба да помогне македонските универзитети да се развиваат и барем еден од нив да биде меѓу првите 1000 во светот според Шангајската Листа.

Исто така се зголемија средствата за наука, за студентскиот оброк, се зголемија средствата за стипендии итн., а заедно пред некој ден бевме на лице место и можевме да видиме како се гради студентскиот дом „Кузман Јосифоски- Питу“ во Скопје, а наскоро ќе го посетиме и другиот студентски дом „Стив Наумов“, одговори премиерот Мицкоски на прашањето за инвестициите кои Владата ги презема за младите и дополни дека се предвидува доделување на ваучери за електронски уреди за студентите, отворање на нови универзитети, нови згради за факултети итн.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42155
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се искачат до 20 степени

03/03/2026

Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА ПРОЦЕСОТ „ПУЛС“ Само итна ревизија

03/03/2026

Речиси една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе и беа повредени околу

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy