
МИЦКОСКИ ДО ШЕИКОТ БИН ЗАЈЕД: Солидарност со ОАЕ и мобилизација на институциите за заштита на нашите граѓани
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Преку својот Фејсбук профил, премиерот информираше дека изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и упатил најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од неодамнешните напади.
Мицкоски во разговорот потенцирал дека нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо прекршување на меѓународните норми.
Една од клучните теми во разговорот била и безбедноста на македонските државјани кои се наоѓаат во кризниот регион. Премиерот го информирал шеикот дека домашните институции се веќе ставени во целосна мобилизација.
