Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоси од Струга повика на државно обединување и масовна поддршка на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ на 8 мај
Македонија

Мицкоси од Струга повика на државно обединување и масовна поддршка на коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ на 8 мај

25/04/2024

AA

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и носител на листата во Изборната единица 1 Христијан Мицкокси вечерва од Струга повика на сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против актуелната Влада и масовно да застанат зад коалицијата предводена од неговата партија и кандидатката за претседател Гордана Силјаноска Давкова.

– Ги повикувам сите и стари и млади, албанци, турци, срби, бошњаци, роми, власи, сите граѓани во Македонија да се приклучат. Ова не е само моја или само наша битка овде, туку битка на народот против оваа власт. Подавам рака и барам да се приклучат сите: земјоделците, вработените, невработените, лекарите, млади, стари, стопански комори.., против заедничкото зло и изворот на сите страдања, а тоа е оваа Влада на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

На народот му порача да не дозволи да биде уценуван, од како што посочи, оние што треба да ги сменат.

– Знам дека ќе се обидат овие денови да уценуваат, посебно овие од ДУИ за да излезат на претседателските избори во вториот круг. Тоа не е воопшто државотворен чекор. Тоа воопшто не е чекор на политички партии кои се претставуваат изминатите шест и пол години не само дома, туку и во меѓународната заедница како државотворни партии. Тие се обични кукавици кои сакаат да уценуваат и се силни само кога пред себе имаат слаб противник, рече Мицкоски.

Според него, народот е посилен од секое сценарио на владата на СДСМ и ДУИ, и им се заблагодари на граѓаните за поддршката и победата.

– Народот покажа дека е посилен од секое сценарио, од секоја шема направена од истите политичари кои со години крадат и се богатат на грбот на сиромашниот и напатен народ. Им доаѓа крајот, цунамито се крена, а потресот го направивте вие народот на Македонија и ви благодарам за тоа, истакна Мицкоски.

Резултатот на вчерашните избори, нагласи, бил одговор за, според него, предавствата, аферите, криминалот и понижувањата на Македонија и граѓаните од владата на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има план и програма „Платформа 1198“ со која ќе ја трансформира Македонија напред.

– Работата не е завршена. Победата е голема. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства ниту методи за да си ги задржат фотелјите. Добија жолт картон вчера, на 8 мај треба да добијат црвен. Црвен картон за цела влада. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства. Сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминатите денови. Ова е револуција на народот на Македонија и таа нема да запре. Затоа ве молам, ве молам за поддршка од сите. Повикувам за сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против оваа влада, нагласи Мицкоски.

Носителот на листата во Изборната единица 5 Ѓорѓија Сајкоски од стружани побара обединување и поддршка за реализирање на идејата за Македонија да биде развиена држава, со добра инфраструктура, подобро образование, здравство, економија…

– Затоа што на моите браќа македонци муслимани од околината и на албанците што живеат тука, и на сите стружани, кичевчани, охриѓани…. и од цела Македонија им е потреба подобра инфраструктура, поголем економски развој, подобро здравство. Затоа да се обединиме околу ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и да донесеме голема огромна победа за идната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Да донесме влада која нема и никој неможе да ја уценува и да ја принуди. Да донесеме влада која сака да донесе подобар живот за сите нас, рече Сајкоски.

Ги повика граѓаните, како што рече, на 8 мај, да излезат референдумски, за слободна Македонија.

– Да излезете сите и оние кои не излегле првиот пат од разни причини, и тие што гласале за други политички субјекти, сите кои и мислат добро на Макеоднија. Да се обединиме за заедничка Македонија, која ќе ги врати децата од надвор и ќе ги задржи оние што сакаат да си одат од нашата држава, порача Сајкоски.

И кандидатот за пратеник Јован Јаулески им порача на стружани да се обединат, нагласувајќи дека само обединети ќе успеат да ја постигнат целта Македонија да застане на свои нозе и да биде повторно горда.

– Струга може да се обедини и Струга може да покаже како се сака Македонија. Да не се делиме, да не ги делиме гласовите, за две недели да гласаме заедно и единствени за пратеничката листа предводена од ВМРО – ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Давкова. Да им покажеме на сите дека мудро и демократски знаеме да си ја одбраниме државата, рече Јаулески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
Македонија

Лице со Алцхајмер исчезна во Карпош 1 – семејството апелира

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41684
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на температурите

19/02/2026

Времето утре (20.02.2026) во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува умерен северен до североисточен ветер,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy