Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: За справување со кризата над 250 милиони евра со поволни услови  од ЕУ, КфВ, СБ и Фондот при ОПЕК
Македонија

МФ: За справување со кризата над 250 милиони евра со поволни услови од ЕУ, КфВ, СБ и Фондот при ОПЕК

13/12/2023

AA

Сто милиони евра макрофинансиска поддршка од ЕУ стануваат достапни за Република Северна Македонија. Во Собранието е изгласано законското решение со кое се овозможува потпишување договор помеѓу РС Македонија и ЕУ, по што средствата ќе бидат доделени во две транши во период од две години.

„Средствата од ЕУ ќе помогнат да ги користиме за резерви, за интервенција на пазарот на девизи или како директна поддршка за Буџетот со цел справување со ризиците кои произлегуваат од кризата. Ова е значајна поддршка во време на криза, особено што условите по кои се обезбедуваат се поволни и овозможуваат заштеди за нашиот буџет“, вели министерот за финансии Фатмир Бесими кој упати благодарност до ЕУ и до граѓаните на ЕУ за изразената солидарност со нашата земја.

РС Македонија веќе во 2020 и 2021 година користеше 160 милиони евра марко-финансиска поддршка од ЕУ за справување со последиците од Ковид-19. Ова е инструмент на ЕУ со цел да помогне на земјите во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи.

Новиот заем од 100 милиони евра ќе биде повлечен во две транши од по 50 милиони евра во 2024 и 2025 година.

„Имено можноста за користење на овие средства претставува дополнување на претходно обезбеденото финансирање од Меѓународниот монетарен фонд кое се засноваше на здравоста на политиките што ги води земјата. Тие се потврда за нашите напори за спроведување на реформите имајќи предвид дека се поврзани со напредокот во нашата европска интеграција и обврските кон ММФ“, вели министерот Бесими.

Во Собранието покрај овој Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Унија по Договор за заем за макро-финансиска поддршка на Република Северна Македонија, беа усвоени и законски решенија со кои се обезбедуваат поволни средства за справување со последиците од кризата од КФВ банката, Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Фондот за меѓународен развој во рамки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) по Договорот за заем за Програмата за одржливост и отпорност.

Од КфВ банката се обезбедуваат 90 милиони евра за надминување на состојбата предизвикана од војната во Украина и енергетската криза, заради кои дојде до зголемување на цените на производите, како во светот, така и во Република Северна Македонија. Од Фондот за меѓународен развој во рамки на ОПЕК се обезбедуваат 50 милиони евра поволни средства насочени кон подобрување на квалитетот на испорака на јавни услуги, попродуктивни работни места во приватниот сектор и зголемена климатска отпорност. Исто така, 27,5 милиони евра се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за продолжување на започнатите реформи на системот за социјална заштита и детска заштита..

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy