Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Системска контрола на финансиските друштва по стапување на сила на Правилникот за кредитен ризик – проценка на кредитната способност и идентификација на клиентот
Економија

МФ: Системска контрола на финансиските друштва по стапување на сила на Правилникот за кредитен ризик – проценка на кредитната способност и идентификација на клиентот

12/04/2024

AA

Финансиските друштва коишто работат на територијата на РС Македонија од почетокот на овој месец имаат обврска да воспостават систем за управување со кредитен ризик за идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик којшто вклучува меѓу другото процедура за процена на кредитната способност, како и процедура за идентификација и ажурирање на податоците на клиентите. Начинот на управување со кредитниот ризик е пропишан со новиот Правилник кој е донесен од Министерството за финансии и кој е основа за системска контрола во работењето на финансиските друштва.

„Со примена на Правилникот се оневозможува финансиското друштво да одобри кредит на барател кој не е кредитоспособен, односно финансиското друштво пред склчување на договорот за кредит треба да ја процени кредитната способност на барателот на кредит врз основа на информации од страна на барателот и релевантна надворешна база на податоци. Доколку од проценката на кредитната способност финансиското друштво утврди дека вкупните месечни обврски на барателот на кредит надминуваат 70% од неговите вкупни месечни приходи, финансиското друштво нема да може да одобри нов кредит. На овој начин ќе се спречи презадолженоста на граѓаните. Покрај проценувањето на кредитната способност, со Правилникот се обезбедува поголема заштита на потрошувачите на услугите на финансиските друштва од злоупотреба на личните податоци, на начин што се доуредува постапката по која финансиските друштва треба да вршат идентификација и ажурирање на податоците на клиентите и кредитобарателите. Финансиското друштво при идентификација треба да обезбеди податоци од клиентот наведени во Правилникот коишто стануваат дел од кредитното досие и истите задолжително се наведуваат и во апликацијата за кредит, како и во договорите за потрошувачки кредит. Притоа, финансиските друштва нема да можат да одобрат потрошувачки кредит по електронски пат на физичко лице доколку кој било податок во апликацијата или доставените докази се разликува од податоците коишто се дел од кредитното досие“, велат од Министерството за финансии. 

Воспоставувањето на системот за управување со кредитен ризик, пропишан со овој Правилник, произлегува од последните измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, кои беа донесени со цел поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва. Во таа насока со Законот се постави максимален износ на сите трошоци поврзани со кредитот, се укина можноста за земање кредит за затворање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво, се укина можноста трговските друштва што поседуваат дозвола или лиценца согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри да можат да бидат кредитни посредници на финансиско друштво, односно да нудат кредитни производи. Со Законот се зајакна и надзорот врз работењето на финансиските друштва, како и регулаторната рамка за работење на финансиските друштва со цел тие да претставуваат сериозни финансиски институции на пазарот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy