Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени прозводи, листата се дополнува и со дигиталните учебници
Македонија

МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени прозводи, листата се дополнува и со дигиталните учебници

28/09/2023

AA

Сите основни прехранбени производи, кои граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повлатена стапка на ДДВ од 5%. Листата, која со одлука ја усвои Владата денеска, содржи над 1600 производи и истата се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање.

 

Согласно донесената Одлука од страна на Владата граѓаните и натаму ќе ги купуваат производите со понсиска даночна стапка како што се лебот, белиот шеќер, брашното, маслото од сончоглед, млекото и павлаката, месо, јајца, сирење, урда, кашкавал, овошје и зеленчук, тестенини, супи, ајвар, природен мед, сол, ќечап и слично.

 

Листата е долга и содржи голем број производи кои граѓаните ги користат и се на трпезата во секојдневната исхрана.  Станува збор за над 1600 производи кои имаат најниска повлатена стапка на оданочување.

 

Владата, денеска, а согласно донесените измени на Законот за данок на ДДВ, усвои и Одлука за примена на повластена стапка на ДДВ од 10%, за производи кои имаат помала потрошувачка и имаат третман на луксузен производи и не претставуваат основни производи во исхраната. На оваа листа се производи како месо од ирваси, лосос, сирење со сина мувла, сирење од типот  toffy, јагула, семе од лен, масло од палма и кокосов орев, кавијар, школки, тропско овошје како папаја, манго и авокадо и слично. Вклучувањето на дел од производите коишто ќе се оданочуваат со оваа стапка  е со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Имено, овие две листи ги содржат скоро сите прехранбени производи кои се користат од страна на граѓаните.

 

Целта на донeсените одлуки, а со тоа и оданочување на основните производи за човечка исхрана со пониска повластена стапка, додека останатите производи за човечка исхрана со повисока повластена стапка е пред се заштита на стандардот на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Дополнително целта е  заштита на домашното производство на прехранбени добра и поддршка на домашните компании.

 

Одлуките произлегуваат од донесните измени на Законот за данок на додадена вредност, кој беше дел од даночната реформа, која е со цел воспоставување современ даночен систем, кој ќе почива на принципите на праведност и правичност.

 

Дополнително во насока на заштита на стандардот на граѓаните Владата донесе и одлуки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук и ориз, како и свежиот домат, краставици и пиперки и укинување на увозните давачки за аргуми, односно портокал, лимон, грејфрут и мандарина. Со одлуките пониски увозни давачки ќе има кромидот, празот, карфиолот, блокулата, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и слично.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има

17/02/2026
Македонија

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот

17/02/2026
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
Македонија

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА

17/02/2026
Македонија

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во

17/02/2026
Македонија

Врснично насилство во Виница: 15 годишно дете истепано во училиште

17/02/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕИЗВЕСНОСТА: 18.000 вработени во основното образование добија јануарска

17/02/2026
Македонија

18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41578
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има легитимна цел, но ќе го

17/02/2026

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Сејф сити“ се формирани четири

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот докажа дека нашиот менталитет може

17/02/2026

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска информираше дека пред судот се веќе формирани четири предмети поврзани со системот „Безбеден

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во Кисела Вода

17/02/2026

Околу 15:30 часот преку број за итни повици 112 добиена е пријава во врска со паднато дрво во близина на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy