
Метео аларм за Македонија: Силен ветер во текот на денот и ноќта
Денес вдолж Повардарието и понекаде во источните делови ќе дува умерен до силен северен ветер кој краткотрајно ќе засилува и преку ноќта.
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено попладне.