Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ, отворајќи нов пат за зелената енергија во земјава
Економија

МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ, отворајќи нов пат за зелената енергија во земјава

26/05/2025

AA

Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија на АД ЕСМ. Со овој документ потврдуваме дека електричната енергија за која се издадени гаранциите на потекло потекнува од обновлив извор на енергија.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ги додели сертификатите за Гаранции за потекло на генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев.

На состанокот во МЕМО, на кој присуствуваа управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, претставници од раководството на ЕСМ и МЕМО, беше нагласено дека ова претставува значаен чекор и потврда за посветеноста на АД ЕСМ кон одржливо производство и транспарентност во снабдувањето со електрична енергија.

Министерката Божиновска подвлече дека гаранциите ќе овозможат транспарентен и одржлив енергетски пазар и се доказ за потрошувачите дека користат енергија од обновливи извори.

„Ова е значајна реформа и упатувам честитки за ЕСМ, бидејќи првите издадени Гаранции се однесуваат на електрична енергија произведена од хидроенергетските капацитети на АД ЕСМ кои користат чиста и обновлива енергија од вода“, рече Божиновска и нагласи дека овој чекор претставува напредок во реализацијата на зелената транзиција во Македонија, која е во согласност со европските стандарди и цели за одржлив енергетски развој. 

Узунчев, изрази задоволство и истакна дека добивањето на првите Гаранции за потекло се значаен момент за компанијата и енергетскиот сектор во земјата.

„Ова е доказ за нашите континуирани напори за производство на електрична енергија на еколошки начин и нашата посветеност кон зелената транзиција. Гаранциите ќе им овозможи на нашите клиенти сигурност во потеклото на енергијата што ја купуваат и ќе придонесе кон зголемување на свеста за важноста на обновливите извори,“ нагласи Узунчев. 

Со сертификатот издаден од МЕМО, секој купувач на електрична енергија на македонскиот пазар на електрична енергија ќе има јасна и веродостојна потврда дека набавува енергија произведена од еколошки прифатливи извори.

Ѓорѓиевски ја истакна важноста од симболиката што првите гаранции за потекло се издадени на АД ЕСМ, што посочува на исклучителна посветеност на државата кон независна, стабилна и енергетска одржлива иднина. Во таа насока е и целосната поддршка и посветеност на министерството во процесот на воспоставување на системот за Гаранции за потекло, како дел од зелената енергетска транзиција на државата. За таа цел и додели благодарница на министерката Божиновска за нејзините заложби, македонскиот пазар на електрична енергија да го продолжи својот раст во транспарентен, усогласен и современ пазар на електрична енергија.

„МЕМО согласно планот,  го имплементира системот за Гаранции за потекло во соработка со Grexel – водечка европска компанија во оваа област. Гаранцијата за потекло е електронски документ кој им овозможува на потрошувачите јасен доказ дека одреден дел од електричната енергија што ја користат е произведена од обновливи извори. Голем број компании веќе се во процедура за приклучување кон Регистарот на Гаранции за потекло, а ние како одговорен оператор активно работиме на нивно издавање, евидентирање и признавање. Ова е значаен чекор кон поголема транспарентност и доверба во потеклото на електричната енергија,“ истакна Ѓорѓиевски.

Правилата за администрирање на Гаранциите за потекло, донесени од МЕМО, се усогласени со Законот за енергетика, Уредбата за Гаранции за потекло и стандардите на Асоцијацијата на издавачи на Гаранции за потекло (AIB). Овие правила се усогласени и со принципите на Европскиот систем за енергетски сертификати (EECS) и заедно со напорите на МЕМО кон целосно членство во AIB ќе осигура целосна прифатливост на европскиот пазар.

На состанокот, раководството на АД ЕСМ подвлече дека продолжува со интензивни напори за зголемување на производството на енергија од обновливи извори, вклучувајќи изградба на нови ветерници и фотонапонски електрани. Компанијата ќе продолжи да работи на добивање Гаранции за потекло и за овие извори, со што придонесува кон позелена и поодржлива енергетска иднина.

Со воспоставувањето на системот за Гаранции за потекло, Северна Македонија прави значаен чекор напред кон поголема одржливост, конкурентност и доверба во енергетскиот сектор, овозможувајќи дополнителна вредност за производителите и потрошувачите на електрична енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy