
Мегваер: Знаев дека не смеам да промашам од толку блиску, ќе беше – тешко мене!
Со ова, англискиот репрезентативец делумно се извади за многуте лоши реакции изминативе две сезони, поради кои го загуби местото во стартниот тим, а често беше на удар на медиумите и навивачите.
„Ова беше тешка година за мене, премногу работи ми се случија, но продолжив да работам напорно, да не се откажувам и да чекам шанса. Мислам дека одиграв добар меч и пред голот, а кога веќе ми се укажа шанса, центаршутот на Ериксен беше толку добар, знаев дека од толку блиску не смеам да промашам. Во спротивно ќе беше – тешко мене. Чувството кога топката влезе во мрежата, кога целиот стадион скокна беше навистина неверојатно. Посреќен сум што победивме незгоден ривал во ЛШ отколку за мојот гол, тимскиот успех секогаш го ставам пред индивидуалниот“, изјави Мегваер.
Јунак во таборот на вечерта беше вториот најголем киксер сезонава во таборот на „ѓаволите“, голманот Андре Онана, кој одбрани пенал во седмата минута од судиското продолжение.
