Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Meџити на средба со синдикатите и ФЗОМ: Од први септември за 10% поголеми плати, се договара имплементацијата
Македонија

Meџити на средба со синдикатите и ФЗОМ: Од први септември за 10% поголеми плати, се договара имплементацијата

24/07/2023

AA

Покачувањето на платите за вработените во јавниот сектор кое ќе стартува од септември оваа година беше тема на денешната работна средба помеѓу министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски, претседателот на Синдикатот на клинички д-р Предраг Серафимовски и претставници на Фондот за здравствено осигурување на РСМ.

Тие на состанокот разговараа за начинот на имплементација на покачувањето на платите и пресметките кои треба да бидат подготвени пред истото да се реализира.

„Повисоките плати кои наскоро ќе ги добијат здравствените работници се од големо значење кога станува збор за испораката на здравствените услуги. Ние се стремиме да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено ќе работат и ќе обезбедат квалитетна здравствена заштита за пациентите.“- истакна Меџити.

Меџити за време на средбата потенцираше дека покачувањето на платите покажува дека трудот на здравствените работници е вреднуван и ценет и дека истото ќе влијае на привлекување на професионалци во македонскиот здравствен систем, што е од големо значење за целата држава.

Покачувањето на платите ќе се реализира како дел од новиот Општ колективен договор за вработените во јавен сектор кој неодамна беше склучен помеѓу Владата и Сојузот на синдикати на Македонија. Со него се предвидени и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината, како и нова Методологија за пресметка на плата која ќе стапи на сила од март 2025 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy