
Меџити: Мухамед може да го надмине Стојанче
Министерот Изет Меџити, денеска го коментираше изборот на Азир Алиу за нов министер за здравство. Запрашан како програмер ќе се снајде на новата функција министер за здравство, Меџити одговори:
„Пред се треба да биде добар менаџер за функцијата министер. Имало вакви примери и во минатото, и мислам дека Алиу ќе биде добар на таа позиција“, рече Меџити.
На прашањето дали очекува новиот директор на ЦУК Мухамед Аљи од редовите на ВРЕДИ да го следи примерот на Ангелов, Меџити само кусо одговори: „Можеби ќе го надмине“.
„Денеска во 10 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо, но исто така верувам дека е подготвен да даде сè од себе за побргу да навлезе во спецификите на менаџментот со кризи. За заменик-директор на ЦУК е именуван Трајче Јовановски кој работи во ЦУК од 2008. Моментално е на позицијата помошник-раководител на Сектор за аналитика, процени и стратешко планирање“, изјави Ангелов