
Меџити: Како никогаш досега вложуваме во нова медицинска опрема, во следниот период повеќе установи со нова опрема
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека како никогаш досега се вложува во набавка на нова медицинска опрема која значително го зајакнува и унапредува јавното здравство.
„Силно сме посветени на подобрување на целокупниот јавен здравствен систем во земјава. Како никогаш досега вложуваме во набавка на нова медицинска опрема со која ги унапредуваме условите за работа во здравството, ја подобруваме инфраструктурата преку реконструкции, ги едуцираме и мотивираме здравствените работници и вложуваме во набавка на нови лекови за пациентите. Изминатава недела Клиниката за ортопедски болести доби нов артроскопски столб, а Поликлиниката Железара нов дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди, набавени од Министерството за здравство. Чест ми е да најавам дека во следниот период повеќе здравствени установи ќе добијат нова медицинска опрема за што дополнително ќе ја информираме јавноста. Зајакнувањето на македонскиот здравствен систем е нашиот врвен приоритет“, вели министерот Меџити.