Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Има недостиг на акушерки, на конкурс од Клиниката за гинекологија немаше ниту една пријава
Македонија

Меџити: Има недостиг на акушерки, на конкурс од Клиниката за гинекологија немаше ниту една пријава

05/05/2023

AA

Има недостаток на акушерки, имаше еден конкурс објавено од Клиниката за гинекологија и немаше ниту една пријавено. Одма презедовме иницијатива заедно со средното медицинско „Панче Караѓозов“ и со министерот за образование, одлучивме од септември да отвориме уште една паралелка. Цело време апелирам да се соочуваме со сите проблеми. Затоа сме тука, да ги решаваме. Ова го изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денот на акушерките.

Запрашан околу најавите за прес-конференција на двата најголеми синдикати во врска со се уште недобиеното зголемување, три и две илјади денари за медицинскиот персонал, министерот рече дека со синдикатите е усогласено се и дека за неколку дена ќе почне исплатата. На новинарско прашање, фер ли е 78 процентно зголемување на платите на функционерите, а здравствените работници да се жалат на мали примања, министерот одговори дека тој не одлучува за зголемувањето на функционерските примања.

– Ние се стремиме, здравствените работници секогаш да имаат подобри примања и за тоа ќе се залагаме и во иднина, нагласи министерот.

На прашање околу поплаките од родители за условите на детска клиника, чекање за обичен преглед околу 4 – 5 часа, министерот рече дека се прави се, за да има и втори смени и за дијагностика и за прегледи и термини да има.

– Со се ќе се справиме, но нормално е дека ни треба време, рече министерот.

Во врска со стратегија за задржување на кадарот во земјава, министерот рече дека се во секојдневни преговори со министерството за финансии, за согласности за нови вработувања во здравството. Тој потврди дека во секоја здравствена институција има дефицит на кадар од секаков вид и рече дека ќе се направи се што е во рамките на можностите, за нови вработувања.

Запрашан околу реакции при назначување на кадри за директори, како тој на кардиологија, со поставување на лице што претходно било директор на водовод и канализација, како и кадарот на токсикологија, лекар по општа медицина, министерот рече дека станува збор за високообразовани кадри.

Дипломираната акушерка Тања Трајковска, потпретседателка на здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, претседателка на одборот на акушерки во комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и поранешен претседател на секцијата на акушерки, информираше дека во ГАК има 14 акушерки во родилната сала, распоредени во четири или пет смени. Годишно на клиниката има околу 3.500 до 3.800 раѓања.

– Ако Европа, меѓународната конфедерација, СЗО велат дека треба да има 117 до 120 раѓања годишно на акушерка, па ако направиме споредба, излегува дека недостигаат 10 до 12 акушерки во родилната сала кај нас. Или, треба да има една акушерка на еден родилен бокс. Ако во болницата има два, треба да има две акушерки во смена и плус предродилна сала. Или ако има пет, плус еден дополнителен, како што е кај нас, треба да има шест во смена и плус предродилна сала, соопшти таа.

Трајковска беше запрашана која е пораката што сакаат да ја упатат на овој ден.

– Не сакаме да бидеме погрешно сфатени дека имаме нешто против едукацијата на акушерки, да кажам, на средно ниво, со средно училиште. Сакаме да бидеме разбрани, дека едукацијата треба да биде соодветна. Треба да биде квалитетна. Треба да ги стекнат вештините што треба да ги има една акушерка на крајот од своето школување. Треба да ги поседуваат сите компетенции, за да можат да се справат со сите животозагрозувачки ситуации во родилната сала. Да одговараат за два живота во моментот и сами да ја носат одлуката во моментот, што треба да се направи и кога, во кој момент треба да се повика гинекологот, ако акушерката сама, не може да се справи со целата ситуација, одговори таа.

На ниво на цела држава, додаде, треба да постојат и советувалишта за трудници, бидејќи сега лекарите, како што нагласи, се преоптеретени.

– Една трудница со една нормална бременост доаѓа постојано кај нив и за најобични прашања, околу исхрана, облека, годишен одмор и слично, прашања што многу лесно може да ги постави во советувалиште за трудници, што би го виделе акушерки. Исто така оние основни рутински предмети, како што се тежина, висина. Има трудници коишто добиваат прекумерна телесна тежина, баш заради тоа што нема акушерка да ги посоветува колку смеат во текот на бременоста да добијат тежина. Кои физички вежби, па дури и физичките вежби да се работат заедно со трудницата, да ги работи стручна акушерка, да не ги работат инструктори по пилатес или јога инструктори, коишто не се стручни, со кои се компликации може да се сретне трудницата во текот на бременоста, појасни Трајковска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy