Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата“, вели Минчев по изјавата дека ќе се создадат илјадници работни места за Албанците
Македонија

„Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата“, вели Минчев по изјавата дека ќе се создадат илјадници работни места за Албанците

21/02/2025

AA

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска реагира на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека ќе се создадат илјадници работни места за Албанците.

Тој му порача да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата.

„Изјавата на вицепремиерот Меџити на партиски настан за масовни вработувања во јавната администрација во период од една година е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа.

Оттука, би го замолил г-динот Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата, ветувајќи нешто што ниту е реално, ниту е возможно без кршење на законските процедури и принципите на доброто управување.

Јасно и недвосмислено потенцирам дека сите вработувања во јавниот сектор во моментов се одвиваат исклучиво според потребите на институциите, врз основа на претходно добиени согласности од релевантните институции и во согласност со Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

Секое вработување се заснова на принципите на компетентност, стручност и професионална подготвеност на кандидатите, а не на партиски ветувања или политички притисоци.

Министерството за јавна администрација е цврсто посветено на почитувањето на мерит системот, што значи дека вработувањата и унапредувањата во јавниот сектор мора да се темелат исклучиво на квалитетот и способностите на кандидатите, а не на нивната етничка или политичка припадност.

Политиката на популистички вработувања не само што би го нарушила интегритетот на администрацијата, туку и би ги загрозила реформите кои имаат за цел создавање ефикасна, професионална и деполитизирана јавна администрација.

Јавниот сектор не е предизборен пазар каде што се раздаваат работни места во замена за политичка поддршка.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат институции кои работат професионално и транспарентно, а не администрација изградена врз база на популистички ветувања.

Затоа, апелирам на одговорност и реален пристап кон јавните политики, а не на нереални ветувања кои служат само за собирање политички поени во пресрет на изборите“, вели Минчев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО АКЦИЈА ЗА ЗАПЛЕНА НА 300 КГ

05/11/2026
Македонија

ЗАЕВ КРИЕЛ КРИМИНАЛЦИ ПОД ПОТЕРНИЦА ВО ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА Со

05/11/2026
Македонија

ДОДЕКА БИЛ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ОД МАКЕДОНИЈА СЕ СРЕЌАВАЛ СО

05/11/2026
Македонија

СДСМ БАРА ОДГОВОРИ А НЕ СЕ МУ СЕ БРЗА СО

05/11/2026
Македонија

ШТОМ ИМ ЗАВРШАТ ФУНКЦИИТЕ ВЕДНАШ ГРАДАТ ЗГРАДИ Манасиевски бара да

05/11/2026
Македонија

ДАЛИ МУСЛИУ ПРИБИРАЛ ПАРИ ОД ЛУЃЕ НА КОИ ИМ ДАВАЛ

05/11/2026
Македонија

НАЈВИСОКИ ОЦЕНИ ОД ЕУ ЗА НАДВОРЕШНАТА, БЕЗБЕДНОСНАТА И ОДБРАНБЕНАТА ПОЛИТИКА

05/11/2026
Македонија

СДСМ И ФИЛИПЧЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО СТАРАТА МАТРИЦА НА СЕЕЊЕ СТРАВ

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46593
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО АКЦИЈА ЗА ЗАПЛЕНА НА 300 КГ КОКАИН Дрогата била скриена во

05/11/2026

Во акција на МВР со ДЕА, пресретнат е канал со кокаин и запленети се над 300 кг дрога, дознава Плусинфо.

ЗАЕВ КРИЕЛ КРИМИНАЛЦИ ПОД ПОТЕРНИЦА ВО ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА Со контроверзните кадри СДСМ ќе остане

05/11/2026

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Актуелниот

ДОДЕКА БИЛ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ОД МАКЕДОНИЈА СЕ СРЕЌАВАЛ СО ЗАЕВ ВО НЕГОВАТА ВИЛА ВО

05/11/2026

Зоран Трифуновски-Жаба, организациски секретар во СДСМ, во „Претрес со Ландов“ потврди дека се сретнал со Зоран Заев во Грција пред

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy