
МБА потврди: Не работат картичките и банкоматите од сите банки во Македонија! Вадење пари само на шалтер!
Граѓаните кои се корисници на платежни картички од попладнево не може да вршат трансакции, а не можат ниту да извадат пари од банкомат. Ова го споделуваат граѓани кои се револтирани од овој проблем.
Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.
Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.
Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.
Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите.

