
Маж си возел и си пукал низ Чаир!
На 01.03.2026 во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
