
Масовна тепачка во Средно Коњари по сообраќајка, едно лице нападнато од петмина
Сообраќајна несреќа во скопското село Средно Коњари, општина Петровец, вчера прераснала во масовна физичка пресметка во која едно лице било нападнато од пет други лица. Инцидентот, во кој бил употребен и тврд предмет, се случил во 18:30 часот.
Според информациите од МВР, по сообраќајната незгода, јавниот ред и мир бил нарушен со тепачка помеѓу Ш.М. (47) од една страна и пет други лица од друга страна: А.Ќ. (38), Е.Ќ. (62), А.Ќ. (71), И.Ќ. (54) и А.Ќ. (26), сите од истото село.
Полицијата интервенирала на местото на настанот, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе следуваат соодветни пријави.
