Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Масев призна вина – адвокатот тврди Штекли не е способен да следи рочиште, страдал од шизофрено раствојство, а имал и халуцинации!
Македонија

Масев призна вина – адвокатот тврди Штекли не е способен да следи рочиште, страдал од шизофрено раствојство, а имал и халуцинации!

07/08/2025

AA

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана трговија со дрога во скопската населба Аеродром, судскиот процес доби нова димензија поради психичката состојба на еден од главните обвинети – Раде Трајковски, познат како Штекли.

Судијата Илија Трпков информираше дека одбраната поднела психијатриско вештачење според кое Трајковски страда од растројство со шизофрени карактеристики, има халуцинации, параноидни идеи и не е способен да ја следи постапката. Наспроти тоа, Обвинителството достави спротивен извештај, во кој се тврди дека тој е апсихотичен и целосно способен за учество во судењето.

Поради спротивставените мислења, Судечкиот совет донесе одлука да ги соочи вештите лица од двете страни на наредното рочиште, закажано за 3 септември. Судијата Трпков додаде дека Судот тогаш ќе процени дали ќе даде предност на едно од постоечките вештачења или ќе нареди изготвување на ново.

Во истата постапка, четворица обвинети – меѓу кои и поранешниот директор на А фудбалската репрезентација, Данчо Масев, како и Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков – признаа вина, по што Судот ја раздвои постапката за нив.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, а се темели на речиси едногодишна истрага со посебни истражни мерки, при што биле користени алатки како системот „Cellebrite“ за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Групата, според обвинителството, била добро организирана и структурирана, со јасна поделба на улоги – од набавка до улична продажба на дрога, која се чувала во изнајмени станови. Кокаинот се продавал по 4.500 до 6.000 денари за грам, а марихуаната по 200 до 300 денари.

Случајот го привлече вниманието на јавноста и поради вклученоста на познати личности и се очекува да продолжи со засилено медиумско следење по есенската пауза.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy