Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Апостолоски по ревизорскиот извештај за СЦ „Борис Трајковски“: Се исправаат неправилности од минатото, институциите да си ја завршат работата
Македонија

Апостолоски по ревизорскиот извештај за СЦ „Борис Трајковски“: Се исправаат неправилности од минатото, институциите да си ја завршат работата

07/08/2025

AA

По објавата на извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на СЦ „Борис Трајковски“ за 2023 година, директорот на спортскиот центар, Даниел Апостолоски, јавно се огласи со појаснување за утврдените неправилности и за чекорите кои ги презема актуелното раководство.

Апостолоски посочува дека голем дел од забелешките наведени во ревизорскиот извештај потекнуваат од периодот на претходните раководства, и дека по преземањето на функцијата, дел од нив веќе се адресирани, додека остатокот ќе биде решен до крајот на оваа година.

„Многу од забелешките ги идентификував и самиот уште при првите месеци од работењето. Постапивме по нив, а таму каде што сè уште има заостанати прашања, активно работиме на нивно решавање,“ вели Апостолоски.

Посебно внимание привлекуваат трошоците направени при организирањето на ОБСЕ самитот, за кои, како што истакнува директорот, од страна на центарот била побарана соодветна документација од Министерството за надворешни работи, која сè уште не е доставена. И покрај тоа, материјалните добра останале во сопственост на центарот, а по ревизијата бил извршен и комплетен нов попис.

Во однос на платите, Апостолоски најавува заложби за нивно регулирање, посочувајќи дека висината на личните примања на вработените не се променила уште од 2016 година, освен во делот на минималната плата.

Што се однесува до Аква паркот, тој е категоричен дека објектот не бил соодветно одржуван, што резултирало со сериозни проблеми.

„Работиме на долгорочно решение, со цел Аква паркот конечно да профункционира без прекини. Целиме тој да биде целосно подготвен за работа веќе за следната летна сезона,“ изјави директорот.

Апостолоски се осврна и на прашањето со паркингот, кој иако претставува сериозен потенцијален приход за спортскиот центар, засега останува бесплатен. За идни чекори, вели, ќе се бара консензус со градските власти и граѓаните.

На крајот, директорот ја повикува и надлежната институционална структура да ги разгледа сите утврдени неправилности.

„Стојам на располагање за соработка и целосно расчистување на сите спорни сегменти од работењето во 2023 година,“ порача Апостолоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy