
МАСАКАР ВО КАФУЛЕ ВО ПРИШТИНА: Повредени 16 лица со огнено оружје, десет со други предмети, а едно лице почина- познат идентитетот на еден од повредените
Во Приштина вчера вечерта во кафулето „Бон вивант“ на улицата Реџеп Лучи се случила тепачка и пукање во која се повредени 16 лица, додека едно лице им подлегнало на повредите и починало. Седум лица се повредени од огнено оружје, а десет се повредени од други предмети, додека едно лице е во тешка состојба.
Почина Кастриот Рамадани (39), потврди лекарот Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега. Ука откри детали за починатиот.
„Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди“, изјави Ука.
На пукањето и претходела тепачка меѓу две групи млади момчиња. Повредено е и 14-годишно девојче кое се здобило со повреди како последица од кршење чаши и шишиња.
„Во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во овој случај, а се работи на откривање на други можни осомничени“, соопшти полицијата.
ФОТО:Илустрација
