Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Андоновски: Се модернизира системот за интегрирано планирање на ресурсите
Македонија

Андоновски: Се модернизира системот за интегрирано планирање на ресурсите

27/08/2025

AA

Системот за интегрирано планирање на ресурсите (ИПР), кој цели две години не бил одржуван, од јануари годинава е предмет на интензивни активности за негово подобрување, изјави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

„Внимателно ги следиме забелешките на Државниот завод за ревизија и работиме согласно нив. Целта е да добиеме систем на кој можеме да му веруваме и кој ќе биде достапен и за институциите надвор од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), како што се агенции и општини, кои сè уште голем дел од материјално-финансиското работење го водат хартиено,“ изјави Андоновски.

Министерот појасни дека системот е веќе ставен во функција, а поединечните модули ќе се објавуваат во јавноста како што ќе се развиваат.

„По склучувањето на договорот во јануари започнавме со акциски план за отстранување на сите слабости. Веќе се извршени безбедносни тестирања и заштита на податоците и на корисниците, а во тек е и поврзувањето со официјалните службени мејл-адреси. Со завршувањето на овој пакет, ќе добиеме стабилен систем, кој ќе може да го користат сите институции,“ нагласи Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новата канцеларија за административни услуги во општина Свети Николе.

Тој најави и дека ИПР-системот ќе биде интегриран со трезорското работење. „Оваа недела го тестиравме во нашето Министерство. Нашите вработени веќе самостојно прават пресметки, без посредство на сметководителите од СОЗР. Целта е секое министерство и институција да може директно да работи во системот и на тој начин да се оптимизира процесот,“ изјави министерот.

Во најновиот извештај, Државниот завод за ревизија констатира дека системот кој треба да го следи финансиското работење на 40 државни институции не се одржувал редовно, при што не било обезбедено целосно дигитално следење на сметководствено-финансиските услуги, вклучувајќи и десет министерства преку кои минуваат речиси 19 проценти од државниот буџет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy