Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МАРКАРТ“, „КИЕЛ“ И „КОСТАЛ“ – ОВА СЕ ФИНАЛИСТИТЕ НА ГЕРМАНСКАТА КОМОРА – кој ќе ја добие наградата во рангот на големите компании
Економија

„МАРКАРТ“, „КИЕЛ“ И „КОСТАЛ“ – ОВА СЕ ФИНАЛИСТИТЕ НА ГЕРМАНСКАТА КОМОРА – кој ќе ја добие наградата во рангот на големите компании

09/06/2025

AA

Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, со македонските медиуми ги сподели компаниите кои ќе ја добијат Германско-Македонската бизнис награда 2025, како дел од првиот Германско-Македонски бизнис самит.

„Некои моменти носат симболика која оди подалеку од самиот настан – тие го отсликуваат она што можеме да постигнеме заедно. Таков значаен момент нè очекува на 12 јуни: со големо задоволство ќе ја доделиме Германско-Македонската бизнис награда 2025, како дел од првиот Германско-Македонски бизнис самит.

Оваа награда претставува многу повеќе од признание – таа е симбол на длабокото и плодотворно економско партнерство помеѓу двете земји, и ја одразува посветеноста на компаниите кои не само што инвестирале во Северна Македонија, туку активно придонесуваат за нејзиниот развој – преку иновации, одговорност и локална интеграција“, напиша таа во својата објава до медиумите.

Натаму, како што продолжи, особено ја радува што Германската комора добила голем број квалитетни апликации од различни сектори, од реномирани компании до динамични мали и средни претпријатија. Жири комисијата имала навистина тешка задача, и затоа и изборот не бил лесен.

„Во категоријата мали и средни претпријатија (МСП), во финалето се:
D.Med Medical, Quehenberger Logistics и Haix Oprema M.
Во категоријата големи компании:
Marquardt Macedonia, Kiel Macedonia и Kostal Macedonia.

Им упатувам искрени честитки на сите финалисти! Без оглед кој ќе ја добие наградата, јасно е дека сите овие компании се одлични примери за визија, посветеност и дух на партнерство – токму она што сакаме да го истакнеме со ова признание.

Со нетрпение го очекувам доделувањето на наградите и уште повеќе – пораката што ќе ја испратиме: дека иднината на германско-македонската економска соработка е силна, иновативна и заедничка“, напиша Ванделт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од

12/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy