Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите
Македонија

Маричиќ: Создадовме услови за слобода на медиумите

03/05/2024

AA

Создадовме услови за слобода на медиумите и за слобода на изразувањето и тоа дава резултати. Република Северна Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобро од 38-то место лани, истакнува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Фејсбук“, на Денот на слободата на медиумите.

– Северна Македонија е на врвот во регионот, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и „заробената држава“ Македонија беше на дното на Индексот на РБГ, кога во 2014 година се најде на 123 место, по слободниот пад во провалија кој започна во 2009 година, кога од 34-тото, дотогаш највисокото место, за 7 години падна за 84 место. Во ерата на ВМРО-ДПМНЕ и „груевизмот“ воспоставен од оваа партија, новинарите беа судени за „нанесената душевна болка” на политичари. За разлика од “Сваровски” судството и судии и обвинители од тефтерчиња коишто ги судеа новинарите, Владата предводена од СДСМ донесе неколку измени и дополнувања на Кривичниот законик кои се однесуваат на пријави за клевета и навреда и за закани кон новинарите, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Маричиќ нагласува дека нападите врз новинарите сега се третираат како напад врз службено лице, а Обвинителството постапува по службена должност. Со ова, додава Маричиќ, е исполнето барањето на ЗНМ, чии претставници активно учествуваа во работната група што ги подготвуваше измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се стави крај на праксата за неказнивост на насилствата врз новинарите.

– Ставивме крај на времињата кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичка и институционална одмазда поради професионално извршување на својата работа. За жал, за време на изборната кампања ВМРО повторно си го покажа вистинското лице и почна повторно да апси новинари, а функционерите на ДПМНЕ да тужат медиумски работници. Изборите се можност да не дозволиме да се врати режимот кој тепа новинари и затвора медиуми. Нема откажување од таа борба, подвлекува Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата го продолжи попустот на горивата: Поевтини дизел и бензин

30/04/2026
Македонија

Успешно извлечени шест лица од возило кое излетало од патот

30/04/2026
Македонија

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно

30/04/2026
Македонија

Метео аларм за Први мај: Ќе има силен ветер со

30/04/2026
Македонија

Алиша за 4ТВ: Недозволива е градација меѓу лицата со попреченост

30/04/2026
Македонија

Суарет Алиша за 4ТВ: Од „160 часови асистенција“ во опозиција,

30/04/2026
Македонија

Алиша за 4ТВ: Лицата со попреченост се чувствуваат како во

30/04/2026
Македонија

„Асистенцијата се сведува на половина“: Личниот асистент Ѓорѓиевски открива со

30/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42996
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата го продолжи попустот на горивата: Поевтини дизел и бензин до 18 мај

30/04/2026

Попустот од три денари за дизелот и два денари за бензините останува во сила во насока на ублажување на ценовните

Успешно извлечени шест лица од возило кое излетало од патот Скопје – Велес!

30/04/2026

Денеска (30.04.2026) во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство!

30/04/2026

Денеска (30.04.2026), на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е Б.К. (44) од Прилеп. По претходно добиени информации за сторено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy