Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Реално и остварливо е во 2030 година да бидеме членка на ЕУ
Македонија

Маричиќ: Реално и остварливо е во 2030 година да бидеме членка на ЕУ

31/10/2023

AA

ЕУ ги отвори вратите, реална и остварлива е целта до крајот на оваа декада да ги завршиме преговорите и да станеме членка на ЕУ, од нас зависи дали ќе станеме членка или самите ќе се блокираме, рече во интервју за Националната телевизија (МТВ) секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ

-Посетата на претседателката на ЕК Фон Дер Лајен е одличен показател дека навистина има вистински момент и дека навистина има желба од страна на ЕУ да отвори портите за нови членки од нашиот регион.  Пораките беа јасни дека одиме напред со едно добро темпо во она што го работиме и во реформите и во другите потфати. И секако дека имаме уште многу недостатоци кои треба да ги исправиме во текот на преговарачкиот процес. Дека успешно го завршивме процесот на скринингот, односно сме пред негово завршување пред почетокот на декември и дека ни останува обврската за завршување на Уставните измени. Тоа во никој случај не го загрозува нашиот идентитет македонски, ниту нашиот јазик туку само треба да ја фатиме оваа шанса затоа што таа прилика ќе им биде понудена и на други држави во регионот но тие нема да ја пропуштат, рече Маричиќ.

Во овој контекст навистина е тешко да им се објасни на граѓаните зашто не сакаме ние да го продолжиме нашиот пат со преговорите и патот на ЕУ и дали навистина вреди само со внесување на неколку заедници во Уставот, во преамбулата вклучувајќи ги и Бугарите дали навистина вреди да си ја блокираме сопствената држава. Јас сум сигурен дека не, додаде тој.

-Ќе дојде момент кога навистина опозицијата ќе треба да одговори, дали навистина сакаме самите да се блокираме и останеме во тунелот на неодредено време, да ја смениме категоријата на држави во која се наоѓаме. Ние сме сега во категорија на држави кои што преговараат со ЕУ, такви се Србија, Црна Гора, ние и Албанија. Ние со недонесување на оваа одлука многу скоро во декември може да се најдеме во категорија на држави кои што имаат блокиран европски пат како што се Косово и БИХ, држави кои што имаат сериозни системски проблеми и држави кои што не се знае дали и кога ќе станат членки на ЕУ. Јас сум сигурен дека ќе преовлада разумот, убеден сум дека уште сега дека дел од пратениците на опозицијата ќе ја сфатат тежината на одговорност што ја носиме сите и ќе ја донесеме оваа одлука заеднички затоа што придобивките ќе бидат за сите граѓани, рече Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy