Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ на средба со Агелер: Посветеноста на остварувањето на европската агенда со нашите стратешки партнери е од интерес на сите граѓани
Македонија

Маричиќ на средба со Агелер: Посветеноста на остварувањето на европската агенда со нашите стратешки партнери е од интерес на сите граѓани

04/01/2024

AA

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Н.Е. Ангела Агелер со која разговараше за соработката со САД како наш стратешки партнер во областите поврзани со европските реформи и за можностите за насочување и зајакнување на соработката во реализација на националните стратешки приоритети.

Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и силен сојузник на европскиот пат на нашата држава, ние сме благодарни за континуираната политичка и економска помош истакна Маричиќ.

Посветеноста во остварувањето на европската агенда со нашите стратешки партнери е од интерес на сите граѓани на Северна Македонија, регионот на Западен Балкан, Европа и светот. Глобалните случувања бараат псоветување внимание за одржување на стабилен регион и цврсто партнерство на Западен Балкан.

Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорката Агелер на првиот состанок годинава разговараа за областите кои се приоритетни и за кои е потребно продолжување на поддршката од САД во насока на спроведување на европските реформи.

„Поддршката на САД е од исклучително значење за нас и за регионот и со продолжување на цврстото партнерство градиме стабилност за сите граѓани во Северна Македонија.“

Агелер и Маричиќ разговараа за следните чекори во претстојниот период, кои ја засегаат политичката одговорност, и вложувањето во реформите, по изготвените патокази за владеење на правото и реформа на јавната администрација, кои согласно Преговарачката рамка за Северна Македонија усвоена од Советот на ЕУ, на 18 јули 2022 година претставуваат одредници за отворање на Кластерот 1, Фундаментални вредности.

На состанокот беше истакната важноста од користењето на моментумот за приближување на државата кон ЕУ и партнерството од САД фокусирано да обезбеди поддршка за промовирање просперитетна, добро управувана и стабилна Северна Македонија, посветена на евроатлантската интеграција.

Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорката Агелер се согласија дека во време на силна поддршка од САД и Европската Унија за нашата држава и регионот на Западен Балкан, исклучително важно е да се превземат сите потребни мерки за користење на моментумот и спроведување на Планот за раст со кој, со помош на сите геостратешки партнери на Северна Македонија, ќе се обезбеди поголема соработка помеѓу земјите од регионот во насока на обезбедување стабилност, економски раст посебно важен за регионот и услови за непречено спроведување на зацртаните реформи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
Македонија

НАВРЕДАТА КОН ЕДНА Е НАВРЕДА ВРЗ СИТЕ ЖЕНИ Пешевска жестоко

11/02/2026
Македонија

Тетовчанец изнајмил возило од ,,Рент а кар” па го продал

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41352
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО ЈА КОНЗУМИРААТ“ Заев и Филипче

11/02/2026

Екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев и актуелниот лидер на партијата Венко Филипче не само што се инволвирани во трговијата со

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани социјални мрежи за малолетници до

11/02/2026

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата во моментов не размислува за ограничување на пристапот до социјалните мрежи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy