Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Манев: Палевски 10 дена ја следеше жената која требаше да ја киднапираме
Македонија

Манев: Палевски 10 дена ја следеше жената која требаше да ја киднапираме

12/03/2025

AA

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, а сведочи еден од обвинетите – Велибор Манев.

Манев одговараше на прашања на бранителот Горан Бошевски, каде откри дека требало да биде киднапирана жена на возраст околу 40 години, ќерка на фармацевт.

Истата била следена и фотографирана 10 дена.

„Претходно, месец и повеќе Палчо кажуваше повеќе особи за грабнување, еден од нив пензиониран бизнисмен. После тоа се одлучи на жена, на 40 годишна возраст, ќерка на некој од фармацевскиве куќи. Пред да се случи самото грабнување, 10-тина дена претходно ја следел, така ми кажуваше, да ги види навиките, каде излегува, каде оди, каде работи, и наводно ја сликал со телефон. Цело време ни ги покажуваше сликите на жената, на телефонот, навистина изгледаше на 38-40 години. Дали беше фотошопираа или не, не можам да кажам. Навистина староста не беше за дете“, вели Манев. 

Според Манев, по кажување и организација на Палчо, жената симнувајќи се по скалите требало да се турне во сутернот на зградата надвор и таму да се врзе, но планот пропаднал откако од еден од дуќаните излегла жена.

Тој раскажа и како го извршиле киднапирањето на Вања, за која мислеле дека е истата жена која Палчо им ја покажувал на фотографии.

„Во 07.20 јас бев под скалите скроз, Боре чекаше со селотејп лента на раката ставена и кога се симнуваше особата Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата и ја повлековме под скалите во потемното… Според слики кои ни ги кажувае и да ги гледаме на телефон, особата беше идентична. Беше таа која ни ја покажуваше. Ја врзавме, јас ставивме во вреќа за спиење, која претходно ја земавме од канцеларија,  И така врзана, на Влатко му беше јавено да ја донесе колата пред влез, да го отвори гепекот за да може да ја ставиме во гепекот. Потоа продолживме да се движиме по насоките на Палчо. Стасавме до местото Дупки и го отворивме гепекот, Палчо ја праша како се вика, кој е татко, мајка од кој е, и откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на родителите и на фамилијата. Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот кога го тргнав, тогаш видов дека тоа е дете, а не жена“, вели Манев.

Осомничениот додава дека со Влатко му кажале на Палчо дека ова е грешка и треба да се пушти девојчето бидејќи се под маски и ги нема видено, но тој извадил перница и пиштол и пукал во детето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИСТРАГА ЗА „ВЛАДИНОТО БИФЕ“: Каде исчезна храна вредна 70.000 евра?

09/02/2026
Македонија

11-годишно момче тешко повредено по удар со велосипед во дрво

09/02/2026
Македонија

МОН ги повикува граѓаните: Испратете вашите коментари и предлози за

09/02/2026
Македонија

НЕМА ЗОШТО ДА ГО ОПТЕРЕТУВАМЕ БУЏЕТОТ СО КОМИСИЈА ЗА ЈАВНА

09/02/2026
Македонија

МО: Шугата не е добиена во касарната во Велес, регистрирани

09/02/2026
Македонија

Маж доби кривична пријава, пополнил изјава за изгубена возачка, но

09/02/2026
Македонија

Томовски најавува купување и на ново блиндирано возило, старото не

09/02/2026
Македонија

СО АВТОБУС СЕ ЗАБИЛ ВО КАБИНА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Косовец

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41246
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИСТРАГА ЗА „ВЛАДИНОТО БИФЕ“: Каде исчезна храна вредна 70.000 евра?

09/02/2026

Министерството за внатрешни работи, односно Бирото за јавна безбедност, отвори истрага за сериозен кусок во магацините на владините бифеа. Станува

11-годишно момче тешко повредено по удар со велосипед во дрво во Штип, итно пренесено во

09/02/2026

11-годишно дете од Штип е хоспитализирано со тешки телесни повреди по несреќа што се случила во близина на местото викано

МОН ги повикува граѓаните: Испратете вашите коментари и предлози за новите закони во високото образование

09/02/2026

Министерството за образование и наука ги повикува сите засегнати страни да учествуваат во креирањето на новите законски решенија за високото

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy