Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАЛОЛЕТНИКОТ КОЈ УБИ ДЕВЕТМИНА, НЕ МОЖЕ ДА ОДГОВОРА НИТУ СПОРЕД НОВИОТ ЗАКОН НА ВУЧИЌ: Постојат две причини
Регион

МАЛОЛЕТНИКОТ КОЈ УБИ ДЕВЕТМИНА, НЕ МОЖЕ ДА ОДГОВОРА НИТУ СПОРЕД НОВИОТ ЗАКОН НА ВУЧИЌ: Постојат две причини

06/05/2023

AA

Владата на Србија
вчера на прес-конференција ги усвои мерките што ги најави претседателот на
Србија, Александар Вучиќ. Меѓу мерките што ги најави Вучиќ, а кои се уште се
разгледуваат, е и онаа со која ќе се намали кривичната одговорност од 14 на 12
години. Но, за ученикот кој уби девет лица и рани шестмина во училиштето
„Владислав Рибникар“, тоа ништо нема да промени.

По страшното
злосторство во училиштето „Владислав Рибникар“, кога Коста Кецмановиќ, кој има
неполни 14 години, со истрели од огнено оружје уби девет лица, претседателот на
Србија најави усвојување на нови мерки насочени кон спречување на ваквите
злосторства.

Една од мерките
што ги предложи Вучиќ беше намалувањето на лимитот за кривична одговорност од
14 на 12 години. Оваа мерка не беше донесена, но остана на разгледување.

Но, и да има промена,
во случајот со ученикот, тоа нема да промени ништо, од две причини.

Пред се, на
сторителот на кривичното дело се суди според Кривичниот законик кој важел во
времето кога се случило кривичното дело. Во случајот со ученикот одговорен за
масовното пукање во училиштето во Врачар, тоа значи дека тој не подлежи на
кривична одговорност.

„На сторителот на
кривично дело што е предвидено со закон со определено времетраење, тој закон се
применува, без разлика кога му се суди, доколку со тој закон поинаку не е
определено“, стои во Кривичниот законик на Република Србија.

Исто така, има
уште еден став според кој според постоечкиот закон би му се судело на Коста Кецмановиќ.

„Доколку по
извршувањето на кривичното дело е изменет законот, еднаш или повеќе пати, се
применува законот кој е најблаг за сторителот“, се наведува во него.

ФОТО: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy