
Малолетник истепан во дворот на тетовско средно училиште – завршил на клиника!
На 30.05.2025 година во 13.05часот во СВР Тетово Г.Ш. од Тетово, пријавил нарушување на јавниот ред и мир во дворот на тетовско средно училиште, каде нивен малолетен ученик, бил физички нападнат од четворица малолетници ученици од друго средно училиште и дека нивниот ученик бил префрлен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

