
Малолетничка пријавила 19 годишник од Тетово кој и се заканувал за да биде во љубовна врска со него
Вчера (24 септември) околу 14 часот и 5 минути на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот тетовец М.Р. кој претходно бил пријавен од малолетничка од тетовско село дека преку социјалните мрежи и се заканувал за да биде во љубовна врска со него.
Тој е задржан за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.