
Малд бездомник добил изгореници по пожарот во напуштената куќа кај Олимписки
Во неделата, во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.20 часот настанал пожар во напуштена куќа на ул.„Благоја Деспотовски Шовељ“, во која престојувал бездомникот Р.Р.(24).
Во пожарот, Р.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од СВР Скопје.