Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Максим Димитриевски повикан во станица поради анонимна пријава за исплати и недоместоци на лица вработени во општината
Македонија

Максим Димитриевски повикан во станица поради анонимна пријава за исплати и недоместоци на лица вработени во општината

06/07/2023

AA

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска одржа прес-конференција пред СВР Куманово на која информираше дека по анонимна пријава бил повикан на разговор во СВР Куманово за наводен предмет за исплати и недоместоци на лица вработени во општината.

„Сакам да ве информирам дека денеска со покана бев повикан во СВР Куманово на разговор во врска со предмет за исплати и надоместоци на лица вработени во општина Куманово.

СВР Куманово постапува по анонимна пријава, во континуитет се случува истиот притисок на работењето на општина Куманово и на мене како градоначалник. Целта е јасна да бидам дефокусиран од моите секојдневни активности.

Според наводите во пријавата, иако покрај тоа што од страна на вработените во Општина Куманово е постапувано согласно законот, плати се исплаќаат со децении во општината и методологијата на пресметка е иста. Општината има потпишано и колективен договор за своите вработени, но, сепак дадов свој исказ. Дополнително, по барање на лицата коишто ја водат постапката ќе добијат дополнителни информации.

Ова го ценам како еден класичен пример на злоупотреба од страна на поединци коишто менаџираат со овој ресор во партиско политички цели на институциите.

Видете, се случува еден преседан, секојдневно се пишуваат анонимни кривични пријави до МВР, од МВР завршуваат во Основно јавно обвинителство, се добиваат насоки за постапување, се отвораат предмети кои на крајот резултираат со ништо и се трошат ресурси, ние ги плаќаме сите тие лица коишто се ангажирани на тие активности, а во меѓувреме државата тоне во корупција. И тоа го потврдуваат сите релевантни амбасади во државата.

Сметам дека ваквите постапки се депласирани, секако дека јас како градоначалник и вработените во општината ќе соработуваат со секоја истрага којашто ќе се води. Но, веднаш ќе напоменам дека од страна на надлежните институции на сите наши поднесени барања како општина и мене како градоначалник за постапување против Н.Н. лица кои лажно ги постапуваат сите овие пријави нема отворено ниту една постапка.

Еве по допрен глас барам од обвинителството да постапи и да отвори предмет, да ги откриеме кои се лицата што ги пишуваат ваквите анонимни пријави, а од друга страна сметам дека постојат големи можности да се работи за чисти монтирани процеси коишто ќе не дефокусираат од секојдневните наши активности.

Како се наближуваат изборите така и притисокот е сѐ поголем. Овде се со мене само дел од пријавите што секојдневно ние како општина и институција ги добиваме по однос на прибирање на материјали и докази за лажно поднесени кривични пријави или „анонимки“ како што се викаат од страна на Н.Н. лица.

Апелирам надлежните што раководат и менаџираат со овие институции, особено со секторот МВР којшто се трансформираше во МВРО со две „О“ претстанат со ваквите појави, бидејќи да не остават, граѓаните не избраа да си ја вршиме нашата секојдневна работна задача, а не да го трошиме времето како тие што го трошат и да се фокусираат на разбивање на корупцијата во државата, која им е пред очи и сами ја признаа“, потенцира Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
Македонија

Уставниот суд се отвора за граѓаните: Средби со претседателот Костадиновски

15/02/2026
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41491
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е најскапиот автомобил во Македонија за

15/02/2026

Македонските улици станаа побогати за вистински автомобилски скапоцен камен. Најскапиот автомобил увезен во земјава минатата година е ексклузивниот „Mercedes-Benz AMG

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на камати се одложува до влез

15/02/2026

Македонија годинава одбележува неславен јубилеј – точно 30 години откако за првпат беше напишан закон за оданочување на каматите од

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца заглавила во поплавена куќа во

15/02/2026

Во текот на ноќта се излеала Зајашка река на улицата Прилепска во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Поради

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy