
Макрон во Улан Батор ќе се сретне со монголските лидери по што ќе замине за Франција
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во посета на Улан Батор, главниот град на Монголија, на враќање од самитот на Г-7 во Хирошима. Ова е прва посета на Макрон на оваа азиска земја.
Францускиот претседател пристигна во 18 часот и 30 минути по локално време во главниот град на Монголија и на аеродромот беше пречекан со воени почести од монголската гарда во традиционални униформи.
Тој вечер ќе се сретне со монголските лидери, по што ќе замине за Франција.