Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонско-бугарската комисија повторно на маса – теми учебниците по историја за седмо одделение и чествувањето на Гоце Делчев
Македонија

Македонско-бугарската комисија повторно на маса – теми учебниците по историја за седмо одделение и чествувањето на Гоце Делчев

13/06/2025

AA

Денеска во Скопје продолжува состанокот на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, на која главни теми се учебниците по историја за седмо одделение во Република Северна Македонија и можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев.

„Ќе разговараме за учебниците за седмо одделение и за потенцијалната можност за заедничко одбележување на Гоце Делчев,“ изјави вчера Ангел Димитров, претседател на бугарскиот дел од Комисијата.

Македонската делегација на состанокот е во нов состав, назначен од Владата на 10 септември 2024 година. Претседател на тимот е професорот Ванчо Ѓорѓиев од Филозофскиот факултет во Скопје. Во Комисијата членуваат и Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Ѓорѓиев, кој претходно бил дел од ова тело, ја напушти Комисијата во 2021 година поради, како што тогаш изјави, политички притисоци во нејзината работа.

Заедничката комисија беше формирана врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан на 1 август 2017 година. Целта на телото е да се постигне заемно разбирање и усогласување околу чувствителните прашања од заедничката историја и образованието.

Досега, Комисијата има усвоено заеднички препораки за одбележување на пет историски личности: Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум и Св. Климент Охридски, како и Цар Самоил. Исто така, предложени се измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Очекувањата од продолжението на дијалогот се внимателно следени од јавноста, со оглед на чувствителноста на темите поврзани со националниот идентитет и историската интерпретација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42429
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ ВО НАСИЛСТВОТО Кршење покуќнина, напади

13/04/2026

Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата. На 12.04.2026 во 17:50 часот во

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско

13/04/2026

Одбележуваме 14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско. На 12-ти април во 2012 година,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy