Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонските компании од 1 јуни ќе снабдуваат со струја 1000 потрошувачи од косовскиот пазар
Македонија

Македонските компании од 1 јуни ќе снабдуваат со струја 1000 потрошувачи од косовскиот пазар

13/05/2025

AA

Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1000 потрошувачи од косовскиот пазар, каде стартува дополнителната фаза на либерализацијата на пазарот со електрична енергија. Ова беше повод Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) да иницира состанок, на кој косовскиот регулатор пред македонските снабдувачи и трговци ги презентираше чекорите како полесно да пристапат на пазарот кај нив.

„Откако ги презедовме сите неопходни активности како регулатори и извршивме взаемно признавање на лиценците за снабдување и трговија, сега сакаме компаниите да ги мотивираме да ја искористат оваа можност. Поголем пазар, носи поголема конкуренција, а бенефитот е пониски цени за електрична енергија. Сега за помалку од еден месец, односно од 1 јуни ќе бидат на располагање дополнителни 500 GWh со кои ќе може да се тргува на слободниот пазар на Косово и ова е одлична бизнис можност за наште снабдувачи и трговци“ посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Претседателот на косовскиот регулатор – Канцеларија на енергетскиот регулатор од Република Косово (ЕРО) Имер Фејзулаху им посака добредојде на македонските снабдувачи истакнувајќи дека тие имаат повеќе искуство со оглед на тоа дека македонскиот пазар е одамна либерализиран.

„Ова е само меѓу чекор кон приклучување кон единствениот пазар кој го бара од нас Европската Унија. Во прилог на сите ни е да има намалени административни бариери, а зголемена конкуренција“ изјави Имер Фејзулаху од ЕРО – Канцеларија на енергетскиот регулатор од Република Косово (Energy Regulatory Office).

Со цел да се зголеми конкурентноста на пазарите во двете држави РКЕ и ЕРО во 2023 година потпишаа Меморандум за соработка со кој взаемно се признаваат лиценците за снабдување и тргување со електрична енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

12/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy