Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонскиот Црвен крст ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Турција и Сирија
Македонија

Македонскиот Црвен крст ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Турција и Сирија

14/02/2023

AA

Хуманитарната помош собрана од страна на Црвениот крст на Северна Макеоднија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија. Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња.

Турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизкок, од друга страна, информираше дека преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со браќата и пријателите од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.


– Денеска сме тука заедно со амбасадорот на Република Турција да испратиме првична хуманитарна помош во материјални средства како резерви на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Пратката се состои од 800 пакети со храна, 1.700 пакети со хигиена и 4.000 ќебиња, истакна Саити на денешната прес-конференција.

Додаде дека ова е првичната хуманитарна помош и изрази надеж дека во соработка со фирмите и компаниите во наредниот период ќе се обезбеди дополнителна помош.


Тој апелираше хуманитарната помош којашто се донира согласно потребите на луѓето што се таму коишто според консултативните состаноци со турската Полумесечина, како што рече, повторно била истакната потребата од собирање на материјална хуманитарна помош пред се во ќебиња, шатори и вреќи за спиење, газиени лампи итн.

– Во делот на остатокот од материјалната хуманитарна помош апелираме уште еднаш да се донираат намирници (пакети со храна и со хигиена) но сето тоа да биде ново, согласно стандардите за хуманитарна работа кои ние ги нарекуваме минимум стандарди затоа што останатото видовте овие денови – сведоци бевте на многу иницијативи, но за жал квалитетот на хуманитарната помош не е на задоволително ниво и сето тоа не може да се испрати, рече Саити.


Амбасадорот Секизкок, истакна дека во координација со Амбасадата на Турција овде во Скопје преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со нашите браќа и пријатели од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

– Изразувам во оваа прилика благодарност до Северна Македонија која стои рамо до рамо со Турција за надминување на овие тешки денови, рече Секизкок.

На прашањето во однос на хуманоста на земјава во оваа ситуација, турскиот амбасадор одговори дека помеѓу Северна Македонија и Турција постојат длабоко вкоренети историски и меѓучовечки односи кои уште еднаш се потврдуваат со денешниот настан.

– Би сакал да истакнам дека оваа моќна солидарност и признателност искажана во овие тешки денови секогаш турскиот народ со благодарност ќе се сеќава на оваа солидарност и признателност, рече тој.

Во врска со финансиската помош, изјави дека заклучно со минатиот петок во Турција е трансферирана сума од близу милион евра, но рече дека се води кампања во широки размери и за материјална и за финансиска помош.

– Во оваа насока сведоци сме на финансиската помош која се одлучува во советите на општините, тука се стопанските комори, Лекарската комора и низа други институции и установи од земјата, како и нашите браќа, нашите пријатели од земјава кои како што истакнав во широк размер организираат кампањи за помош на погодените региони. Исто така, имавме една телевизиска програма која се одржа во една национална телевизија каде што исто така беше организирана кампања за прибирање на финансиски средства. Сега засега немаме точна информација колку се собрани на таа програма, меѓутоа уверени сме дека во наредниот период ќе продолжи оваа помош и овие акции, рече Секизкок.

Тој изрази голема благодарност и до спасувачките екипи не само од земјава туку и од целиот свет и рече дека нивниот придонес е многу значаен во достигнувањето на ова ниво во спасувачките активности и, како што кажа тие екипи ќе бидат испишани со златни букви во историјата и во срцата на турскиот народ.

Во однос на прашањето дали има потреба од повеќе спасувачки екипи, амбасадорот истакна дека досегашните информации укажуваат дека нема потреба од дополнителни спасувачки екипи.

Секретарот на Црвен крст, Саити, дополнително информираше дека целата денешна организација за логистика, е донација од две фирми, Транслог ДОЕЛ Скопје и Интернационал логистик АРТ ДОЕЛ Скопје.

– Во однос на прашањето колку се собрани средства заклучно со вчерашниот ден имаме 25.125.000 денари, од кои 12.900.000 денари се средства кои се собрани од телефонските повици, а остатокот се уплати и придонеси на жиро сметката на Црвениот крст, додаде Саити.

По катастрофалните земјотреси што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија, со епицентат во турскиот град Кахраманмараш со јачина од 7,7 и 7,6, бројот на жртвите надмина 36 илјади.

Во „катастрофата на векот” како што се нарекува во Турција, погодени се 10 провинции, вкличувајќи ги и Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа каде што живееја повеќе од 13 милиони луѓе.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТИ СО ВРЕДНОСТ ОД 1 ДЕНАР СЕ НАСЛЕДЕНА ЛОША ЕВИДЕНЦИЈА

27/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ОДБИ ГАЗДА ДЕКО И СИНОТ МИХАЈЛО ЗА СВЕДОК

27/10/2026
Македонија

ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИЧКА, ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Обавен службен разговор

27/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46395
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва лидерот на опозицијата

27/10/2026

Антонио Милошоски го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален план до 15 декември

27/10/2026

Владата најавува Национален комитет за безбедност на новинарите, со учество на институциите и новинарските здруженија. Планот ќе опфати превенција, заштита,

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА На ВМРО-ДПМНЕ ѝ

27/10/2026

СДСМ го изгуби компасот, веќе не знаат каде тераат – навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy