Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски телеком ќе подели 38,7 милиони евра дивиденда! Колку ќе наплати Владата?
Економија

Македонски телеком ќе подели 38,7 милиони евра дивиденда! Колку ќе наплати Владата?

29/04/2025

AA

Македонски телеком годинава ќе исплати за 7,7 отсто повисока дивиденда по акција на своите акционери. При тоа најголемиот акционер во нето износ ќе добие околу 19,55 милиони евра дивиденда, Владата ќе има на располагање по основ на нето дивиденда и на даноци за дивиденда 17,22 милиони евра, а повеќе од 3.400 мали акционери, претежно домашни физички лица, ќе поделат нешто помалку од 2 милиони евра

Најголемата македонска телекомуникациска компанија ќе подели бруто дивиденда во износ од 38,7 милиони евра, пишува во предлог одлуката штоќе се најде пред акционерите на претстојното собрание закажано за 30 мај годинава.

Со оглед на тоа дека Македонски телеком има два доминантни акционери и во сопствен отпук чува 10 отсто од акциите на прв поглед се заклучува дека најголемиот акционер „Камени мост комуникации“ ќе добие најголем износ. Реално да, но дали е токму така и колкава е разликата?

Прво Управата за јавни приходи, по закон има мандат, да наплати 3,87 милиони евра за данокот (персоналец за физички лица и на заддршка за правни лица) при поделбата на дивиденда. Тоа се пари кои одат во централниот буџет и за нивната натамошна распоределба одлучува Министерството за финансии по одобрување од Владата. А токму Владата е и втор најголем акционер.

Владата во Македонски телеком поседува 34,8 отсто од акциите. Односно тоа се 33,36 милиони акции. Секоја од нив носи нето дивиденда од 0,4 евра по акција. За своите акции Владата од Македонски телеком ќе наплати 13,345 милиони евра. Со парите кои претходно ќе ги наплати УЈП за данокот Владата како претставник на државата Македонија од своите акции во Телеком ќе наплати вкупно 17,22 милиони евра.

Најголемиот акционер поседува 51 отсто од акциите. Тоа е 48,878 милиони акции. За нив Македонски телеком ќе исплати 19,55 милиони евра нето износ. Ова е само 2,3 милиони евра повеќе од парите кои по двата основи во име на државата од Македонски телеком ќе ги наплати нашата Влада.

И на крај мал износ ќе остане и за малите акционери во Македонски телеком. Станува збор за нешто повеќе од 3.400 акционери од кои најголем дел односно над 3.340 се домашни физички лица кои заедно поседуваат 2,1 отсто од акциите.

Сите овие мали акционери меѓу кои покрај домашните физички лица има и 41 домашно правно лице, седум странски правни лица и 20 странски физички лица ќе наплатат од Македонски телеком вкупно помалку од 2 милиони евра во нето дивиденда.

Вредно е да се истакне и тоа што годинава Македонски телеком одлучи да исплати за 2 денари односно за 7,7 отсто поголема дивиденда во споредба со тоа што го подели на своите акционери во 2023 година. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy