Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Македонија може да живее од транзит на гас и транспорт преку железница“: Николоски за конекциите со соседите и изградбата на патиштата
Економија

„Македонија може да живее од транзит на гас и транспорт преку железница“: Николоски за конекциите со соседите и изградбата на патиштата

25/10/2024

AA

Гасниот интерконектор со Грција и брзата пруга се проекти приоритет број еден бидејќи Македонија може сериозно да се развива само од наплатата на транзит на гас и транспорт по брза пруга, истакна министерот Николоски во телевизиско гостување.

Тој потенцира дека тендерот за изградба на интерконекторот е распишан пред една недела, роковите се кратки и веќе во ноември треба да стигнат понудите.

– Можеме за две до три години да го изградиме тој интерконектор. Ќе имаме гасно поврзување од Александрополус преку Солун, Гевгелија, Скопје се до Куманово, со што ќе ја намалиме зависноста од рускиот гас бидејќи сега гас стигнува само од Бугарија чиј сопственик е Гаспром. Со Србија потпишавме меморандум за разбирање за изградба на интерконектор со Србија. Ние сме стигнати до границата, а тие до Ниш и треба да се спуштат надолу. Тоа значи дека преку Македонија може да стигне најголем дел од гасот кој што ќе се користи во Централна Европа. И затоа треба да бидеме паменти, Македонија може да живее само од транзит на гас и транспорт преку железница – потенцираше Николоски. 

Во однос на проектот за изградба на 400 – киловолтниот далновод Охрид-Елбасан и поврзувањето со Албанија, министерот истакна дека се разгледуваат две опции со ЕБРД во насока на прекинување или реобјава на овој проект, додавајќи дека Владата е посветена во следните години и тој да биде изграден.

Николоски се осврна и на автопатиштата, и поврзувањето со соседите, посочувајќи дека на некој начин Македонија е природна крстосница на двата коридори и затоа мора да ги искористиме предностите. 

– До границата со Бугарија води експресен пат кој околу Нова година ќе го пуштиме во сообраќај, со што за околу 1 час и 20 минути ќе се стигнува до границата. Започнавме реконструкција на граничниот премин Деве Баир, но од другата страна на границата ништо не се работи за да може квалитетно да се поврземе – потенцираше министерот Николоски.

Воедно посочи и на граничниот премин Клепало кој од македонска страна е изграден пред десетина години, но не е ставен во функција од причина што бугарската страна до сега нема инвестирано во инфраструктурата.

– Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија, а тие немаат, која е поeнтата да градиме автопати. Сега ја забрзуваме постапката за Охрид – Кичево, забрзуваме и со Гостивар – Букојчани, што значи дека ќе имаме автопат и нa запад. Добра вест е што Албанија гради, што значи дека ние автопатски ќе се поврземе со пристаништа Драч и Валона, додека од бугарска страна не се грaди ништо. Истото е и со пругата. Мораме да имаме заедничи проект бидејќи пругата не води никаде. 

Тие јавно истакнаа дека немаат проект за пругата и дека до 2026 година ќе го направат проектот, а ќе им требаат уште најмалку четири години да ја изградат. Јас не сакам да оставам позади мене незавршен проект па генерациите после мене да решаваат проблеми. Дополнително на Бугарите ќе им треба повеќе време бидејќи тие треба да ја реконструираат и целата пруга од Ѓуешево до Софија – истакна министерот.

Тој потенцираше дека потребно е да се ревидира прво проектот за третата фаза, потоа да се прилагоди цената и да се обезбеди договор со Бугарија со кој ќе дадат гаранции дека пругата ќе ја изградат до границата. 

Во однос на коридор 10 исткана дека приоритет за следната година е реконструкција на пругата на Коридор 10 и амбициозниот проект за изградба на брза пруга исто така на Коридор 10. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал

19/02/2026
Македонија

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031

19/02/2026
Македонија

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026
Македонија

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле

19/02/2026
Македонија

Исплатени 338 милиони денари за 9.567 овоштари

19/02/2026
Македонија

Половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг на

19/02/2026
Македонија

КАМЕНОЛОМИ КАЈ ИЗВОРОТ „ШУМ“ ЈА ЗАМАТИЛЕ СТРУШКАТА ВОДА Две фирми

19/02/2026
Македонија

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41672
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАСТАНАЛ ДА ПОМОГНЕ, ОСТАНАЛ БЕЗ 800 ЕВРА Возач кој снемал гориво му „увалил“ лажен накит

19/02/2026

Скопјанец на возраст од 32 години вчера бил измамен од непознато лице за сума од 800 евра. Случајот бил пријавен

Собранието го продолжи рокот за бесправно изградените објекти до 2031 година

19/02/2026

Собранието денеска го усвои продолжувањето на рокот за постапките поврзани со бесправно изградените објекти, со што граѓаните кои веќе поднеле

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026

Поранешниот директор на ЈП Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми, денеска седна на обвинителната клупа во Кривичен суд, каде што започна постапката против него

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy