Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во четвртиот квартал
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во четвртиот квартал

03/03/2026

AA

Македонската економија ја заокружи 2025 година со солиден раст, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во четвртиот квартал бруто-домашниот производ (БДП) е зголемен за 3,5 проценти во однос на истиот период претходната година, со што се продолжува серијата од шест последователни квартали со позитивни резултати.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција истакна дека остварениот раст претставува континуитет на стабилните економски движења и се надоврзува на растот од 4,3 проценти во четвртиот квартал од 2024 година.

Според објавените споредбени податоци, земјава повторно се вбројува меѓу економиите со највисока стапка на раст во регионот и пошироко во Европа. Повисок економски раст во последниот квартал од 2025 година е регистриран само во Малта, Кипар и Полска. Во регионот, Србија бележи раст од 2,2 проценти, Хрватска 3,6 проценти, Бугарија 3 проценти, а Словенија 2 проценти.

Кумулативно, реалниот економски раст за целата 2025 година изнесува 3,5 проценти, што е во согласност со проекциите на Министерството за финансии. Буџетскиот дефицит останува на ниво од 4 проценти од БДП, додека јавниот долг е намален на 59,3 проценти од БДП.

Секторската анализа покажува дека растот е распределен на повеќе полиња. Градежништвото има највисока динамика со раст од 14,6 проценти, при што нискоградбата бележи зголемување од 12,5 проценти. Стручните и научните дејности растат за 8,1 процент, трговијата и транспортот за 4,4 проценти, а преработувачката индустрија за 3,6 проценти. Единствено земјоделството регистрира благо намалување од 0,4 проценти.

Значителен импулс доаѓа и од надворешната трговија, каде извозот на стоки и услуги е зголемен за 9,7 проценти. Приватната потрошувачка останува стабилна со раст од 2 проценти, поттикната од повисоките плати. Бруто-инвестициите бележат пад од 3 проценти, што се објаснува со високата споредбена основа од претходната година, кога во истиот период беше остварен раст од 23,7 проценти.

Од Министерството за финансии најавуваат дека економските политики ќе продолжат да се насочуваат кон поддршка на стопанството и одржување на фискалната стабилност, и покрај предизвиците и неизвесностите на меѓународната сцена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42187
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија

03/03/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, се осврна на значењето на членството на Македонија во НАТО,

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме и пријавувавме!

03/03/2026

Семејното насилство во станот каде што се случи трагедијата траело со години и било јавна тајна меѓу станарите, тврди сосетката

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy