Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНИЈА ИМА ПОВЕЌЕ ОБВИНИТЕЛИ ОД ГЕРМАНИЈА, ГРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА… Најмногу обвинители има Бугарија
Македонија

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОВЕЌЕ ОБВИНИТЕЛИ ОД ГЕРМАНИЈА, ГРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА… Најмногу обвинители има Бугарија

18/11/2025

AA

Македонија во 2022 година имала 8,5 јавни обвинители на 100 илјади жители, а во 2024 година, како што покажува последниот извештај на Советот на јавни обвинители, тој број е зголемен 9,2, со што полека се доближува околу просекот од 11,2 јавни обвинители на 100.000 жители во 44 земји што ги покрива последниот евалуациски извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата ЦЕПЕЈ за правосудните системи во 2022 година, со податоци за 2022 година.

Македонија по бројот на јавни обвинители на 100.000 жители влегува во друштво на земји како Германија (7,7), Белгија (7,5), Финска (7,9), Малта (8,8), Словенија, (9,8), Луксембург (9,8) и Северна Ирска (9,3).

Бројот на обвинители на 100.000 жители варира значително од една земја до друга, од минимум 3,2 во Франција и Ирска, 3,8 во Италија до максимум 24 во Бугарија, Латвија и во Молдавија.

Како што се движиме кон исток на Европа, бројот на обвинители по жител има тенденција да се зголемува, со стапки генерално повисоки од 15 на 100.000 жители, иако има исклучоци и на североисток, како Финска и Шведска и на југоисток, како Албанија, Грција и Македонија.

Од земјите во регионот, Грција има 5,7, а Албанија 7,2 јавни обвинители на 100.000 жители. Потоа следува Македонија, па Словенија со 9,8, Србија и Босна и Херцеговина со по 10,4 јавни обвинители. Хрватска и Црна гора имаат по 16,2 и 16,6 јавни обвинители на 100.000 жители, додека Бугарија 23,9.

Разликата во бројот на јавни обвинители на 100.000 жители од земја до земја во Извештајот се објаснува со тоа што 15 земји-членки и една држава набљудувач (Израел) имаат друг персонал со должности споредливи со оние на обвинителите, обезбедувајќи им поддршка.

Во Италија, „Вицепрокураторот“ им помага на обвинителите со сослушувања за помали прекршоци, студии на судската пракса и подготовка на барања за прекин на случајот.

Во Франција, „делегатот на обвинителот“ е одговорен за спроведување алтернативни мерки на гонење и скратени кривични постапки, следење на извршувањето на казните и учество во локалните политики за спречување на криминалот. Во 8 земји-членки и субјекти, овој број е многу значаен во споредба со бројот на јавни обвинители.

Во 2022 година, на секои 100 обвинители имало 35 вработени со споредливи функции во Австрија, 19 во Франција, 20 во Монако, 23 во Ирска, 76 во Италија, 361 во Малта, 24 во Холандија и 25 во Швајцарија.

Според Извештајот на Советот на јавни обвинители, за работата на јавните обвинителства во 2024 година спроед правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Јавното обвинителство, предвидени се 1.126, од кои пополнети се 371 место.

Со ова, во Македонија на 100.000 жители би имало 20,1 јавнообвинителски службеници.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се

03/03/2026
Македонија

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА

03/03/2026
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42155
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОПОЛ АНТИЦИКЛОН ОД ЈУГ НОСИ ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ Температурите ќе се искачат до 20 степени

03/03/2026

Во текот на оваа седмица територијата на Македонија и на целиот регион ќе биде под влијание на Антициклон (Поле со

АКО ИМА УМ И РАЗУМ, ЌЕ ИМА И СПАС ЗА ПРОЦЕСОТ „ПУЛС“ Само итна ревизија

03/03/2026

Речиси една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе и беа повредени околу

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy