
Македонија го завери пласманот во топ-16 на СП со рутинска победа над Грузија
Победата беше рутинска, без кризирање истовремено и без екстра напори. Иако натпреварот почна силно за Македонија, со брза серија од 5-1, која потоа продолжи и до 9-4, сепак нападот почна да се мачи со реализација, во преден план поради одличните одбрани на противничкиот голман, па Грузијците се доближија на 2-3 гола, разлика која се вртеше до крајот на првиот дел.
Тој заврши со 13-10 за нашата репрезентација, но вториот дел беше помирен од резултатски аспект. Нападот постојано имаше идеја како да поентира, а помагаа Грузијците со загубените топки и грашките.
Раде Стојановиќ си дозволи да го искомбинира составот и да им даде поголема шанса на момците кои почесто се на клупа, па во таков избалансиран состав се истакнаа Ненад Белистојановски и Дамјан Субашевски со по шест гола. Играч на мечот беше Иван Галевски, кој бранеше цел меч и запиша 12 интервенции.
Со тесен пораз од Норвешка во првото коло (25-27) и победи над Црна Гора (29-20) и оваа над Грузија, Македонија ќе заврши втора во групата Ф и во главната рунда ќе вкрсти во новоформираната група каде што ќе бидат Данска и Австрија, покрај ние и Норвешка.
