Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНИЈА ЧЕКОРИ КОН ЕУ ПРЕКУ ДОМАШНИ РЕФОРМИ СО ЕВРОПСКА ПОДДРШКА Досега има добиено 1,25 милијарди евра претпристапна помош од ЕУ
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЧЕКОРИ КОН ЕУ ПРЕКУ ДОМАШНИ РЕФОРМИ СО ЕВРОПСКА ПОДДРШКА Досега има добиено 1,25 милијарди евра претпристапна помош од ЕУ

12/12/2025

AA

Од 2007 година досега, Северна Македонија има добиено над 1,25 милијарди евра претпристапна помош од Европската Унија што дополнително ги зацврстува партнерството и европската перспектива. Овие инвестиции претставуваат темел врз кој се градат стабилноста, институционалната зрелост и перспективите за идното членство, соопшти Владата.

Исто така, според податоците, Северна Македонија добила 502,1 милион евра грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во периодот 2008-2025: 467,5 милиони евра како инвестициски грантови и 34,6 милиони евра за техничка помош. Овие грантови се наменети како поддршка за инвестиции од 3,8 милијарди евра во железничкиот и патен транспорт, обновливата енергија, гасната и електроенергетска поврзаност, енергетската ефикасност, водоснабдувањето и санитарните системи, управувањето со отпад, како и здравствените, образовните и правосудните објекти.

Во периодот од 2021-2024, земјата имаше корист од десет водечки инвестиции во рамки на EIP, насочувајќи значајни 973 милиони евра кон одржлив транспорт, чиста енергија, пречистување отпадни води и управување со отпад. Инвестициската рамка за Западен Балкан придонесе со 300,5 милиони евра грантови за овие инвестиции, од кои 296,7 милиони беа финансирани преку фондовите IPA, а 3,8 милиони од билатерални донаторски фондови.

Поддршката од ЕУ е катализатор што ги забрзува реформите, ги зајакнува институциите и создава стабилност во време на глобални предизвици. Но вистинскиот успех зависи од заедничката работа, предвидливите политики и доследното усогласување со европските стандарди. Овие податоци за досегашната поддршка само потврдуваат дека Европската Унија останува целосно посветена на Северна Македонија – преку финансии, експертиза, партнерство и заеднички вредности.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy