Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ – еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава
Економија

МАКЕДОНЕЦОТ СЀ ПОВЕЌЕ СЕ СТРЕМИ ДА СИ КУПИ НОВА КОЛА, АМА „ПОЛОВЊАЦИТЕ“ УШТЕ ЦАРУВААТ – еве со колку нови и користени возила се „подновивме“ годинава

29/11/2024

AA

Македонците годинава или
биле малку побогати, или решиле повеќе да инвестираат во својот возен парк, или, пак,
едноставно тоа го правеле државните институции и приватните компании.

Како и да е, во текот на
целата оваа година повеќе се купувале нови патнички автомобили, наспроти
во претходната 2023 година.

Тоа го покажуваат
податоците на Царинската управа на земјава, за бројот на увезени возила во
првите 10 месеци од годинава, бидејќи за ноември и декември, кој не е ни
поминат, се уште нема податоци.

Речиси сите 10 месеци од
годинава бројот на увезени нови возила надминува по 1.000 возила, освен
јануари, кој бил исклучително слаб, и септември, кој сепак, само за малку не ја
достигнал „илјадарката“.

Или, за 10 месеци,
набавени се вкупно 11.180 нови возила, додека, пак, во целата 2023 година
бројот на увезени нови возила не успеал ниту да стигне до 10.000, односно
изнесувал 9.999 нови коли, а ако, пак, од него се одземат ноември и декември, излегува
дека во првите 10 месеци од ланската година се увезени и во земјава се внесени
само 8.147 нови возила, или помалку за 3.033 нови возила.

Останува да видиме каков
тренд ќе покажат ноември и декември, но се очекува и тие да бидат поволни за
импортерите во земјава кои увезуваат нови возила.

Да погледнеме како во
првите 10 месеци од годинава се движел увозот на нови возила. Јануари кој
вообичаено важи за слаб месец, бил и оваа година навистина лош, веројатно
поради оној долг период на преживување кој е карактеристичен за тој месец, а и
истрошеноста на граѓанството од претходните новогодишни прослави и празнувања.
Значи, јануари стартувал со само 583 увезени нови патнички автомобили, но затоа
по него следувале февруари и март со 1.164 и 1.034 набавени коли, а воопшто не
било лошо ниту во април и мај, со 1.276 и 1.212 увезени „убавици на четири
тркала“. Следуваат јуни и јули, кои исто така биле одлични, со 1.289 и 1.237
увезени нови патнички автомобили, а сосема одличен бил и август, со 1.279
увезени коли. Е сега, септември не е баш најсјаен, и во тој месец се увезени
970 нови коли, но затоа честа ја спасува октомври, кога увозот бил 1.136
увезени возила.

Додека, пак, во 2023
година, над 1.000 увезени возила имало само во јуни, и тоа 1.009, и во
декември, 1.003 увезени нови патнички автомобили. Сите други месеци се меѓу
578, исто јануари како најслаб месец, и 995 возила увезени во јули, а сите
други се меѓу овие бројки.

Но, и покрај желбата за
нова кола, за жал, многу наши сограѓани тоа не можат да си го дозволат, па
според бројките на Царина, многу повеќе се увезуваат половни возила. Или, за
првите десет месеци од годинава нивниот број бил трикратно поголем од увозот на
нови, и изнесувал 33.972 возила, што е повеќе од цела година лани, кога за цела
2023 или за сите нејзини 12 месеци, се увезени 33.213 „половњаци“.

Ако ги погледнеме
поединечните месеци од годинава, во поглед на увоз на употребувани возила
предничи октомври, со 4.128 увезени користени возила, а најслаб месец бил јануари,
со увезени 2.498 половни патнички автомобили.

Значи, иако Македонецот
како просечен граѓанин се стреми да си набави ново возило и тоа се повеќе го
посакува, за жал, стандардот се уште не му е доволен, па превагнува користењето
на половни коли.

А, возилата, односно
оние кои се со пониски еколошки стандарди, се една од главните причини за загаденост
на воздухот, со која и сега, односно во овој зимски период, се соочуваат повеќе македонски градови.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се

25/10/2026
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46361
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на село Радичево,

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен одѕив на претседателските избори во

25/10/2026

До 12 часот, одѕивот на претседателските избори во Бугарија изнесува 5,8 проценти или на гласање излегле 385.092 гласачи, соопшти портпаролката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy